3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница
Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а за кој некои веруваат дека е жена, можеби дури и дете; убиец кој ги убива жените зашто смета дека убавината не е дар туку казна...

Ако сте љубител на трилери, овие три книги ќе ви го привлечат вниманието уште од првата страница, па ќе ве држат во неизвесност до последната...
Во трите книги главните ликови се жени детективи, кои пробуваат да стигнат до одговорот - кој е убиецот?
Затоа, следен пат кога ќе тргнете во потрага по добра книга, имајте ги предвид и овие три:
„Тивок крик“, Анџела Марсонс
Може ли некој што нема чувства да биде човек?
Сериски убиец кој не убива од омраза, туку од потреба да се почувствува жив.
Убиствата не се негова цел, туку пат до нешто што другите го имаат, а тој го нема - емоции.
Овој случај ѝ е доделен на детективката Ким, позната по тоа што тишината и агресијата ѝ се најдобри пријатели.
Таа открива дека убиецот во секое убиство остава нешто лично - емоционален очај.
Овој убиец не убива за да не биде откриен, туку за да биде фатен.
За него чувството е трофеј, секое тело е обид да ја разбуди човечноста во себе…
Ким го разбира и тоа многу добро. Опасно добро…

„Циганска невеста“, Кармен Мола
Во Мадрид се случува невообичаено, ритуално убиство со црви. Убиена е преубава, високообразована и многу богата полуциганка - невеста.
Нејзината убавина е толку занесна што го предизвикува убиецот да набави црви.
Невообичаениот случај ѝ е доделен на невообичаената инспекторка која дење работи, а ноќе пее во барови и се опива - Елена Бланко.
Жена која не дозволува никој да ѝ се испречи на патот, па дури ни самиот убиец.
Кога од некоја чудна причина убиецот сам се разоткрива и го признава убиството, полицијата не му верува. Зошто?
Најшокантен трилер кој ќе ве шокира со секоја нова страница.

„Ноќниот демнач“, Роберт Бриндза
Како сенка се движи длабоко во ноќта и ги демне луѓето. Сенката ја нарекоа ‘Ноќниот демнач’ - сите ја зборуваат, а никој не ја видел. Некои се сомневаат дека е жена, а други дека е дете.
Зад маската на Ноќниот демнач се крие лик што животот го скршил.
Тој лик не се рoдил лош - животот го натерал да стане она од што најмногу се плаши...
Секоја негова одлука е внимателно испланирана, секој негов чекор е порака: вистината секогаш го наоѓа патот, дури и во темнината.
Додека стравот расте, детективката Ерика почнува да сфаќа дека никој случајно не е демнет, и колку поблиску се приближува до демначот, толку повеќе се гледа себеси во него...
Во свет каде што правдата доаѓа предоцна, едно прашање останува нејасно: дали злото се раѓа или се создава?
Напнат трилер со брзо темпо, каде ловецот станува плен, а пленот - ловец.

А. Ј. | Црнобело
