Напнати трилери од Тес Геритсен кои ќе ве држат „будни“ до последната страница
Љубителите на криминалистичките приказни сигурно слушнале за Рицоли и Ајлс - детективката и медицински истражувач кои решаваат дури и невозможни случаи. Овие две жени се главни ликови и во истоимената серија, а таа е работена по книгите на Тес Геритсен. Денешна препорака се три од нив.

Американската писателка Тес Геритсен (72) во својата огромна колекција напишани книги, се фокусира на три жанра - љубовен трилер, криминалистички трилер и медицински трилер.
Нејзините читатели ги опишуваат трилерите на Тес како мајсторски ремек-дела кои ќе ве држат во неизвесност од првата до последната страница.
Главни ликови во голем дел од нив се детективката Џејн Риоцоли и медицинската истражителка Мора Ајлс.
Па, доколку до сега не сте прочитале ништо од оваа писателка, на македонски се преведени многу нејзини книги, а ние ви препорачуваме три од нив.
„Знам една тајна“
Џејн Рицоли и Мора Ајлс тие се соочуваат со грозна сцена на убиство на една филмска продуцентка на хорор филмови.
Сцената на злосторството е како ниедна друга, нешто што детективката Рицоли и медицинската истражителка Мора Ајлс никогаш претходно не виделе.
Една жена лежи во мирна поза во својот кревет, а Мора не може да ја најде очигледната причина за нејзината смрт, но нема никаков сомнеж дека жената е мртва.
Очите на жртвата се отстранети и сместени во дланката на нејзината рака, постапка што потсетува на ужасните филмови што таа ги продуцирала.
Дали некој полуден филмски обожавател ги копира сцените од овие вознемирувачки филмови?
Кога е пронајдена и друга жртва, без очигледна причина за смртта, повторно гротескна сцена на злосторство, Џејн и Мора сфаќаат дека убиецот го проширува својот круг на жртви.
Тој избира една посебна жена како негова следна жртва, а таа знае дека тој доаѓа по неа.
Таа е и единствената којашто може да им помогне на Џејн и Мора да го фатат убиецот.
Но, таа знае и една тајна, и тоа тајна што никогаш нема да ја каже.

„Последниот преживеан“
По втор пат во својот краток живот, Теди Клок преживеа масакр.
Пред две години, тој едвај избега кога целото негово семејство беше заклано.
Сега, на 14 години, во грозно ехо од минатото, Теди е единствениот преживеан од масовното убиство на неговото згрижувачко семејство.
Повторно сирак, трауматизираниот тинејџер нема каде да се сврти, сè додека полицијата во Бостон не ѝ го даде случајот на Џејн Рицоли на случајот.
Решена да го заштити момчето, Џејн открива дека она што изгледало како случајност е само еден ужасен дел од мисијата на еден немилосрден убиец.
Џејн го носи Теди во ексклузивен интернат, училиштето Ивенсонг, засолниште каде што младите жртви на насилен криминал ги учат тајните и вештините за преживување во овој опасен свет.
Но, дури и зад заклучени порти во дивината на Мејн, Џејн се плаши дека мистериозните добротвори на Ивенсонг не се единствените што гледаат.
Кога ќе најдат чудни кукли испрскани со крв како висат од дрво, Џејн знае дека нејзините инстинкти се силни.
А кога ги среќава Вил Јаблонски и Клер Ворд, студенти чие трагично минато има шокантна сличност со она на Теди, ѝ станува јасно дека предаторот има на ум повеќе од една жртва.
Здружувајќи се со својата доверлива партнерка, Мора Ајлс, Џејн е решена да ги заштити овие сирачиња од злото.

„Грешникот“
Романот е медицински криминалистички трилер за убиството на 21-годишна калуѓерка во затворен манастир.
Заедно со младата калуѓерка е и 68-годишна калуѓерка исто така била брутално нападната, но преживеала.
Сега Џејн Рицоли и Мора Ајлс се задолжени да откријат кој бил убиецот и зошто тој или таа би сакал да нападне безопасни калуѓерки кои живеат во затворен манастир.
Во меѓувреме, двете хероини на романот мора да се соочат со уште неколку сложќени ситуации - бременоста на Рицоли, враќањето на сопругот на Мора - Виктор, тажната приказна за првата убиена жртва, како и мистеријата за друго мртво тело пронајдено во валкан напуштен ресторан.

А. Ј. | Црнобело
