Три книги совршени за читање во дождливите есенски денови

Деца се главни ликови во книгите кои би можеле да ги прочитате месецов. А темите, иако се на момент тешки, сепак се нешто во кое може да се пронајде секој од нас и да се соживее со малите главни ликови.

tri-knigi-sovrsheni-za-chitanje-vo-dozhdlivite-esenski-denovi-01.jpg

Две сестри кои дознаваат една за друга по смртта на нивниот татко; две паралелни приказни за деца оставени сами на себе за да дојдат до подобар живот и трогателна приказна за дете кое сака да е невидливо поради малтретирањата од врсниците.

Секоја од овие книги ќе ви го привлече вниманието, пред сè со темата која е моќна, а толку секојдневна, што секој од нас може да се пронајде во неа.

„Аплаудирај штом ќе слеташ“ - Елизабет Асеведо

Камино Риос живее за летата кога татко ѝ ја посетува во Доминиканската Република. Но, овој пат, на денот кога треба да слета неговиот авион, Камино доаѓа на аеродромот и наоѓа толпа луѓе што плачат...

Во Њујорк, Јахаира Риос ја повикуваат во канцеларијата на директорот, каде што ја чека мајка и да ѝ каже дека татко ѝ, нејзиниот херој, загинал во авионска несреќа.

Одвоени со огромна далечина - и со тајните на таткото - двете девојки се принудени да се соочат со новата реалност во која тој е мртов, а нивните животи засекогаш изменети.

Ама, кога се чини дека загубиле сè од нивниот татко, се откриваат меѓусебно.

Овој роман раскажува за љубовта и за семејството, за другарството и за достоинството, но и за загубата во животот на младите и сложеноста на простувањето.

tri-knigi-sovrsheni-za-chitanje-vo-dozhdlivite-esenski-denovi-02.jpg

„Невидлив“ - Елој Морено

Приказна за едно дете кое, раководејќи се од најлошиот советник - стравот, посакува да има супермоќи како суперхероите од стриповите што ги чита.

Го прави тоа за да се спаси од насилството што го трпи од соучениците. Посакува да стане невидлив, како механизам за бегство, за заштита од суровата реалност што го опкружува, без да биде свесен дека всушност страда.

Детето не добива помош од никој, бидејќи е невидливо за сите оние што гледаат што се случува но претпочитаат да не видат, за сите што не сакаат да гледаат и ја вртат главата настрана, и за сите што гледаат, но се плашат или едноставно мислат дека тоа не е нивен проблем.

„Невидлив“ е приказна раскажана низ призмата на насилникот и жртвата, неговата симпатија и пријателите, родителите и наставниците, и поучна за сите што ќе ја прочитаат.

Училишното насилство отсекогаш било присутно меѓу нас, но овој роман е напишан од талентиран автор што го прави ова искуство уште помоќно од она во реалноста.

tri-knigi-sovrsheni-za-chitanje-vo-dozhdlivite-esenski-denovi-03.jpg

„Ветрот го знае моето име“ - Изабел Аљенде

Трогателна приказна за две деца кои во различни времиња се разделуваат од семејствата поради ситуацијата во своите земји.

Виена, 1938 година. Самуел Адлер е шестгодишно еврејско дете чиј татко исчезнува во текот на Кристалната ноќ, по што неговото семејство губи сè.

Очајната мајка му наоѓа место во последниот воз натоварен со деца што ќе ги превезе од нацистичка Австрија во Англија.

За Самуел почнува нов живот со неговата верна виолина и под бремето на осаменоста и неизвесноста, што ќе го придружуваат до крајот на животот.

Аризона, 2019 година. Седумгодишната Анита Дијаз се качува на воз со мајка си за да избегаат од непосредната опасност во Ел Салвадор и да заминат во САД.

Нивното пристигнување се совпаѓа со новата владина политика на нулта толеранција за имигранти што ќе ја оддели од мајка ѝ на границата.

Сама и исплашена, далеку од сè што ѝ е познато, сместена во прифатилишта и згрижувачки семејства, Анита бара засолниште во Азабахар, магичниот свет што постои само во нејзината имагинација.

Прекрасен роман што наведува на размислувања за разделбата, тагата, односот на родителите со децата и за длабоките врски што можат да се создадат со помош на емпатијата и грижата.

tri-knigi-sovrsheni-za-chitanje-vo-dozhdlivite-esenski-denovi-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Каролина - книга на англиски јазик, Лила - лесен роман: Што читаат познатите Македонци во лето 2025?... Што читаат Каролина Гочева или Ивона Јо ова лето? Погледнете кои книги ги сподел...
Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg