3 одлични книги по кои се снимени хит-серии и мора да ги прочитате

Прочитајте ги овие три одлични дела и дознајте колку филмската адаптација се разликува од оригиналот.

3-odlichni-knigi-po-koi-se-snimeni-hit-serii-i-mora-da-gi-prochitate-001.jpg

Книгите отсекогаш биле инспирација за снимање филмови или серии, но во последниве години тоа доживува огромна експанзија.

За некои познати филмови и серии можеби дури и не знаете дека се снимени по некое литературно дело. Или, пак, знаете, но не сте го прочитале.

Затоа, денес ви нудиме три одлични книги по кои се создадени вистински телевизиски ремек-дела.

Прочитајте ги и дознајте колку се разликува книгата од филмската адаптација.

„Дамски гамбит“ од Волтер Тевис

Осумгодишното сираче Бет Хармон е тивко и повлечено девојче со невпечатлива појава.

Така е сè додека не ја изигра првата партија шах. Нејзините сетила се изоструваат, размислува појасно и првпат во животот чувствува дека има контрола.

На 16-годишна возраст, таа веќе се натпреварува на „Отвореното првенство на САД“.

Но, како што ги усовршува вештините на шахот и зачекорува на патот на успехот, нејзината изолација станува сè позастрашувачка, а помислата за бегство сè попримамлива.

По овој роман е базирана истоимената мегапопуларна ТВ-серија на Нетфликс.

3-odlichni-knigi-po-koi-se-snimeni-hit-serii-i-mora-da-gi-prochitate-04.jpg

„Игра на тронови“ од Џорџ Р. Р. Мартин

Приказната за семејствата Старк, Ланистер, Таргеријан, Мартел е раскажана преку невидената фантазијата на најголемиот мајстор на жанрот!

Во „Игра на тронови” Џорџ Р.Р.Мартин создал вистинско ремек-дело обединувајќи го најдоброто што може да го понуди жанрот на епската фантастика.

Магија, сплетки, романси, убиства, крвна одмазда и авантури се само дел од она што е запишано на страниците на оваа епска приказна - детали кои ќе ве воодушеват и се раскажани на начин кој можеби нема да го забележите во серијата.

Иако писателот до ден денес го нема завршено серијалот, серијата заврши по седмата сезона, а крајот е направен по консултација со него за тоа како го замислува крајот на својата последна книга.

Серијата се прикажуваше на Ејч-Би-О.

3-odlichni-knigi-po-koi-se-snimeni-hit-serii-i-mora-da-gi-prochitate-03.jpg

„Тој и таа“ од Алиса Фини

Ако секоја приказна има две страни, значи едниот секогаш лаже.

Ана конечно го има она што долго го посакува. Со многу напорна работа за да стане главната водителка на вести во BBC, со многу направени жртви во поглед на пријателите, семејството, па дури и сопругот - кој сега веќе ѝ е бивши сопруг.

Па кога некој станува закана за работата од нејзините соништа, таа е подготвена речиси на сѐ за да не ја изгуби.

Кога ја испраќаат да оди да известува за убиство во Блекдаун – малото мирно гратче каде што пораснала - таа не сака.

Но се покажува дека жртвата е нејзина пријателка од детството па нема избор. Наскоро таа не е само новинар кој известува за приказната, туку е во сржта на истата.

Детективот Џек Харпер е сомничав за инволвираноста на Ана во случајот. Но и тој крие нешто и не кажува дека ја познавал жртвата, сѐ додека не почне да сфаќа дека и самиот станува осомничен во сопствената истрага.

Еден од нив двајцата знае повеќе отколку што признава. И некој не ја кажува вистината…

„Тој и таа“ е брз, комплексен и мрачен трилер кој ќе ве тера да погодувате кој е виновникот до самиот крај.

А тоа можете да го дознаете и преку истоимената серија која почна да се прикажува на Нетфликс во јануари 2026.

3-odlichni-knigi-po-koi-se-snimeni-hit-serii-i-mora-da-gi-prochitate-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
4 одлични романи од српската писателка Зорана Шулц, посветени на силни жени Во една од книгите, главна хероина е самата авторка, а читателите ги води на воз...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg