4 одлични романи од српската писателка Зорана Шулц, посветени на силни жени
Во една од книгите, главна хероина е самата авторка, а читателите ги води на возбудливо патување низ својот живот - големи вљубувања и оние само за една ноќ, врски со славни мажи, актери, сликари и музичари кои коленичеле пред неа...

Зорана Шулц (65) е српска писателка која живее во Германија, а која последниве 15 години издаде десетина книги, сите вистински бестселери.
Нејзини хероини се жените, а Зорана градејќи ги ликовите навлегува во нивните најдлабоки чувства, тајни, болки, мисли, водена од тоа што најдобро го знае - психологијата, бидејќи самата Шулц завршила студии по психологија.
Па, ако сте љубител на книги кои ќе ве замислат, натераат да се свртите кон себе, да ги погледнете работите подлабоко, тогаш, барем еден од овие романи ќе биде идеално четиво за вас.
Во продолжение, предлог од четири книги од феноменалната Зорана Шулц:
„Момент на неизбежното“
Ана, богата млада девојка без емоции, бесрамно ги искористува и ги отфрла мажите, ги понижува и си игра со нивните чувства.
Цело време, знаците покрај патот ѝ кажуваат дека ја очекува трагедија.
И потоа, во ненадејна болка, безнадежност и неподвижност, таа почнува да сфаќа дека била предупредена, но тој знак не знаела како да го види. И ја стигнува голема казна.
Во овој роман херои сме сите ние, и кога плачеме и кога не се смееме, кога носиме најскапи модни брендови или избледени кошули со искинати јаки, јадеме кавијар или го подгреваме ручекот од вчера.
Нејзините хероини имаат и обемни гради и празни души, чувствуваат болка, глад, неправда, срам, но и бура од страст.
Судбината на хероините на авторката е дека главата и душата се поважни од телото и изгледот, а каква е нашата... ќе се запрашаме по секоја страница од овој роман.

„Вртелешка“
Ангела, која живее во село, доаѓа во големиот град и мечтае да го има луксузот во кој е израсната нејзината најдобра другарка Сунчица.
Таа е убава и скромна и станува сон на многу мажи...
Во „Вртелешка“ некои знаат да сакаат, а некои стануваат жртви на жените кои не можат да ги преболат.
Во овој роман, Зорана Шулц ги става читателите на вртелешката на животот и се прашува дали сме безгрижни и тогаш кога ќе ни се оствари сѐ она за кое сме сонувале.

