4 одлични романи од српската писателка Зорана Шулц, посветени на силни жени
„Запри, срце“
Дрската насмевка на еден маж во виорот од музика, пијалак и песна ќе биде доволна за целосно да ѝ го измени животот.
Таа му се предава неочекувано и ја открива длабочината на страста каква не можела ни да ја замисли.
Отстапува од сè во што верувала дотогаш за да биде блиску до него.
А, потоа годишните времиња почнуваат да се менуваат, децениите да минуваат, времето да исчезнува меѓу украдени средби.
Таа живее очекувајќи. И до крајот на животот нема да посака никој друг освен него.
„Запри, срце“ е приказна за живот проникнат со тајна долга четири децении. Напишана е моќно, возбудливо и потресно.
Жарот, копнежот, спојувањето што ги брише границите на телото, страста што фрла сè под нозе, на страниците на оваа книга се беспоштедно вистинити.
А, хероината на оваа книга, која жешките раце на еден случаен маж засекогаш ја оттргнуваат од судбината, е вистинска жена.

„Разоткривање“
Во овој бестселер, секоја реченица е храбра, провокативна и до последен збор вистинита.
Главна хероина во романот е самата авторка, која читателите ги води на возбудливо патување низ својот неверојатен живот.
Вљубувања, оние големи и оние само за една ноќ, врски со славни мажи, со актери, со сликари и музичари кои коленичеле пред неа, авантури, случувања, животни неволји, успеси, брак, прељуба, забранети врски, тајни што другите никогаш не би ги признале, сето ова е опишано на страниците на оваа книга со зборови коишто удираат директно во срцето.
Отфрлана уште како дете, оваа жена која многу брзо ќе постигне богатство и статус, животот на висока нога не ја променил.
Таа не крие дека во исто време е и фатална заводничка, а и сопруга посветена на својот сопруг дури и кога тој ја издава и ја изневерува, мајка која им го дала најдобриот дел од себе на своите деца.

