Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница

Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 век; мрачен, психолошки трилер за случувањата во средно училиште; мистерија за киднапирање мало девојче во Њујорк: три книга кои имаат една заедничка нишка - ќе ве држат до неизвесност од првата до последна страница.

tri-knigi-od-razlichni-zhanrovi-koi-kje-ve-drzhat-budni-do-poslednata-stranica-01.jpg

Некои книги се толку добро напишани, а приказната е толку „живо“ раскажана, што имате чувство дека се претворате во главните ликови, се соживувате со нивните мисли и чувства.

Токму такви се и овие три книги, кои, додека ги читате, нема да останете рамнодушни и едвај ќе чекате да го дознаете крајот (но, немојте да ѕиркате однапред).

„Балот на лудите жени“ од Викторија Мас

Во прочуената психијатриска болница „Салпетриер“, доктор Шарко го фасцинира општеството со своите јавни демонстрации на хипноза врз наводно луди жени отфрлени од семејствата.

Но вистината е покомплицирана - тие не се навистина луди. Некои се несакани или непослушни сопруги, други мајки што не можат да ја преболат загубата на чедото, трети се ќерки што одбиваат да се покорат или девојки родени од вонбрачни врски.

За париската елита, најзначајниот годишен настан е Балот на лудите жени, кога можат да ги набљудуваат пациентките облечени во свечени костими како танцуваат на звуците на валцерот.

А за самите пациентки, балот претставува редок момент на надеж.

Женевјев е главна медицинска сестра во „Салпетриер”. По смртта на сестра ѝ Бландин, таа ја отфрла верата и се посветува на науката, слепо верувајќи му на познатиот доктор Шарко.

Но нејзините убедувања се разнишуваат кога ја запознава 19-годишната Ежени, девојка од угледно семејство, насилно затворена во болницата.

Ежени има тајна: таа гледа духови. Инспирирана од забранетата „Книга за духовите“ за која зборува цел Париз, таа е решена да избега од болницата, да се ослободи од ограничувањата на својот пол и да најде луѓе што ќе ѝ поверуваат.

Но затоа ѝ е потребна помошта на Женевјев.

tri-knigi-od-razlichni-zhanrovi-koi-kje-ve-drzhat-budni-do-poslednata-stranica-03.jpg

„Професорот“ од Фрида МекФаден

Ив води убав, спокоен живот. Секое утро се буди со бакнеж од нејзиниот прекрасен и згоден сопруг, Нејт, пред да тргнат кон гимназијата во која и двајцата предаваат.

Нивното секојдневие тече како подмачкано. Или барем така изгледа.

Нејт, обожаван од учениците и колегите, упорно одбива да ѝ обрне повеќе внимание на сопругата.

Парите не им стигнуваат, а згора на сѐ, оваа година и двајцата треба да ѝ предаваат на најпроблематичната ученичка, 16-годишната Ади, која е причината што минатата година еден од најдобрите професори во училиштето беше принуден да си замине.

Ништо никогаш не беше докажано, не беа поднесени обвиненија, но гласините беа доволни - затоа што кога некој ќе се посомнева во врска меѓу професор и ученичка, последиците секогаш се тешки.

Сите знаат дека на Ади не може да ѝ се верува. Дека лаже и манипулира. Уништува туѓи животи. Барем така се зборува.

Но лекција број еден во оваа гимназија е да не веруваш никому. Некои гласини кријат далеку пострашни тајни.

tri-knigi-od-razlichni-zhanrovi-koi-kje-ve-drzhat-budni-do-poslednata-stranica-04.jpg

„Девојчето во снегот“ од Хавиер Кастиљо

Њујорк, 1998 година и парада за Денот на благодарноста. Кира Темплтон исчезнува во толпата.

По детално пребарување на целиот град, некој наоѓа неколку прамени коса до алиштата на девојчето.

Во 2003 година, дента кога Кира би требало да наполни 8 години, нејзините родители добиваат чуден пакет - видео касета со снимка која трае само една минута и ја прикажува Кира како си игра во непозната соба.

Мирен Тригс, студентка на факултетот за новинарство, започнува паралелна истрага со онаа на полицијата и дознава дека и нејзиниот живот, исто како и животот на Кира, е преполн со неизвесности и несигурности.

tri-knigi-od-razlichni-zhanrovi-koi-kje-ve-drzhat-budni-do-poslednata-stranica-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
3 книги со кои ќе се ослободите од негативните мисли Како да станете имуни на негативни мисли и чувства? Како да доживеете безусловна...
Теодора од Скопје: „Имам библиотека од 600 книги - Кои 5 ми се омилени?“ „Татко ми читаше стрипови, а мајка ми книги. Сѐ уште го памтам првиот пат кога в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg