Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“
„Одмаздата на богомолката“, Оља Петрушева Томова
„Одмаздата на богомолката“ ни ја покажува таа внатрешна сила која се раѓа од многу болка и покажува како таа болка може да ја води една жена низ животот.
Колку може да поднесе и да ја прикрие сета болка и до каде може да стигне.
Дали навистина ги познаваме луѓето околу нас, дали знаеме низ што минале во својот живот и на што се навистина способни?
Оља нè води низ оваа книга толку вешто и вртоглаво, ќе уживате до самиот крај а потоа моја препорака е да продолжите со вториот дел „Сите нејзини демони“.

„Куќа од стакло“, Сара Пеканен
„Јас верувам дека злото е природна сила како гладен вирус што постојано кружи низ воздухот и бара место каде да се инфилтрира. Повеќето од нас ја затвaраат вратата пред него. Но, други широко му ја отваарат“.
Овој мал, но моќен цитат од книгата на Сара Пеканен ќе ви даде многу теми за размислување.
Адвокатката Стела треба да застапува едно мало девојче во сложен случај за старателство. Малата Роуз не зборува повеќе по трагичната и мистериозна смрт на нејзината дадилка што уште толку ја отежнува целата ситуација.
Стела треба да одлучи кој од родителите треба да ѝ биде старател, но во самиот момент кога пречекорува низ прагот и влегува во таа навидум стаклена куќа, ја полазуваат морници и знае дека ова нема да биде уште еден случај кој лесно ќе го реши.

„Сите лета потоа“, Карли Форчан
„Сите лета потоа“ е совршена книга за летните денови.
Персефони своите летни распусти ги минува со своите родители во куќата крај езерото во Берис Беј.
Шест лета поминати покрај езерото, уживање во прекрасните летни ноќи заедно со Сем, момчето кој ѝ стана најдобар пријател и беа неразделни сè додека не се случи нешто неочекувано.
По еден повик Персефони оди повторно во Берис Беј и го среќава Сем, но дали ќе успеат повторно да се зближат и да си ги поправат грешките од минатото, дали летните ноќи повторно ќе ги зближат, оставам на вас да дознаете.

Повеќе фотографии:






©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело