Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите три љубовни романи, кои ќе ве разнежат и расположат?
Романите на Софи Кинсела нема да ве остават рамнодушни. Нејзините приказни се исполнети со комични пресврти и ситуации, а наменети се за сите модерни и вредни дами кои сакаат да уживаат во приказни кои им ја враќаат вербата во љубовта.
Издвојуваме по една книга за секого: За безнадежните романтичари што сакаат да читаат брзи љубовни приказни, за вљубениците на психолошките трилери, но и за оние за кои сакаат да читаат само класична и квалитетна литература...
Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште долго време. А токму такви се и главните херои на овие три романтични книги...
Дaли за вас книжевноста е „духовна храна“ или читате сѐ што ќе ви дојде во рака? Ако сте од првата група на читатели, кои имаат истенчен и префинет вкус кога станува збор за литературата, овие три наслови секако ќе ви бидат добредојдени.
Дали знаевте дека серијалот „Хари Потер“ е инспириран од Библијата? Да проследиме уште два модерни романи, што се популарни, а за кои најверојатно е сте знаеле дека се инспирирани до Светото Писмо.
„Тајлер О’Нил е поранешен шампион во скијање кој има само една мисија – да направи неговата ќерка Џес да го добие најдобриот Божиќ на сите времиња. Но, по сплет на околности неговата најдобра другарка Брена, доаѓа да престојува во неговиот дом“ – кои 3 романи се одлични за празничниот период, за сите оние што сакаат доза романтика.
Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои се книгите што им оставиле впечаток во изминатата 2023-та година и на своите профили препорачуваат дека задолжително треба да ги прочитате?
Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А вие ќе се вљубите во главните хероини и во нивната сила, но и желбата да направат сè во име на љубовта...
Стар полициски случај кој се преплетува со сегашноста, жена почината пред 40 години која „се враќа од мртвите“, свирепо убиство пред очите на најблиските - трилер книги кои едноставно, мора да ги прочитате.
Ако имате анксиозност, негативни мисли кои не можете да ги контролирате, чувствувате дека сте несреќни или сте растеле покрај родители кои биле себични и не се грижеле за вас - прочитајте ги овие 3 одлични книги за самопомош.
„Хурем московската наложница“ ја следи животната приказна на Хурем султан, која од мало девојче кое е донесено како подарок во харемот на Сулејман Величествениот ќе стане најмоќната жена во Отоманската Империја. Кои други турски романи вреди да ги прочитате?
Ако сте љубител на трилери и приказни со неизвесен крај, овој пат ви препорачуваме три книги за страшни женски судбини, кои едвај ќе чекате да ги дочитате до крај.
Потрага по 5-годишно момче што одеднаш исчезнува од градинката во Стокхолм, мистериозно убиство, но и девојки кои се жртва на неврохирург кој си поигрува со нивните умови со помош на хипноза. Кои 3 приказни ви ги предлагаме овој пат?
На 06.11.2023 во Аросто кафе Скопје се одржа промоција на книга, промотор на книгата беше Проф. Д-р.Мирослав Пендароски кој воедно и ја даде својата рецензија. И токму од една ваква мајчинска љубов кон своите деца, кои се и воедно инспирација на самата авторка се напиша книгата: “ГЛАСОТ ОД ТИШИНАТА” од Амела Мемиш Апостоловска издадена од Издавачката куќа Збор.
Писателката Анастасија Лефкоска пред два месеци го издаде своето второ дело, роман насловен „Савески“.
„Здраво, се викам Метју, иако можеби ме знаете и по друго име. Пријателите ме викаат Мети. И требаше да сум мртов“ – со овие зборови Метју Пери ја започнува својата биографија и како на еден начин да ја предвидува сопствената смрт. Кои 3 биографии ви препорачуваме да ги прочитате оваа есен?
Сериски убиец во Копенхаген, мистериозна болест од која умираат сите возрасни, но преживуваат децата, адвокат кој наместо невиноста сака да ја докаже вината на својот клиент... Три возбудливи книги кои сигурно ќе сакате да ги прочитате веднаш.