Амела Мемиш Апостоловска: „Аутизмот кај мојот син е инспирација за книгата 'Гласот на тишината'"

На 06.11.2023 во Аросто кафе Скопје се одржа промоција на книга, промотор на книгата беше Проф. Д-р.Мирослав Пендароски кој воедно и ја даде својата рецензија. И токму од една ваква мајчинска љубов кон своите деца, кои се и воедно инспирација на самата авторка се напиша книгата: ГЛАСОТ ОД ТИШИНАТА” од Амела Мемиш Апостоловска издадена од Издавачката куќа Збор.

amela-memish-apostolovska-autizmot-kaj-mojot-sin-e-inspiracija-za-knigata-glasot-na-tishinata-01.jpg

Напишана е од сопствено веќе доживеано искуство кое кај мене разви сопствен систем теориски постулати кои претставуваат основа за планирање, иницирање и реализирање на конкретни истражувања пред се со внатрешното ЈАС и Аутизмот кај син ми и со толкувањето на добиените наоди и емпириски основи кои како такви ги проширив сопствените сознајни хоризонти со пишување. Кратките текстови,  поеми, поезија во книгата Гласот од Тишината ќе им посочи на сите читатели на оваа книга смерноци на научната дисциплина за тоа кои проблеми да ги подложи на емпириска верификација и ги селектира и определува релевантните методи за прибирање податоци и ќе понуди модели на вистински човекови вредности за нивно толкување. Со што можам да констатирам дека сеуште не постои конзистентен систем кој може да биде означен како научна односно психолошка теорија за човековите вредности и погледот на децата со попречености.

Ваквата дефицитарна концепциска состојба ги проблематизира сознајните,  мотивациските, емоционалните процеси како и функциите на волјата.

unnamed_10.jpg

Оттука како основни психолошки диспозиции на човековата практична дејност оваа книга т.е книгата Гласот од Тишината ги обединува намерите, мотивите,  карактерот,  моралот  и останатите динамизми во склоп со Аутизмот и неговите предности, а не попречености - изјави авторката.

Живееме во време во кое се продуцираат многу книги, прирачници, текстови, филмови, спотови и што ли уште не кои се однесуваат на квалитетен живот, надминување на кризи, досегнување, среќа и сеопшто многу нешта кои се однесуваат на здравјето, а пред се , на менталното здравје! Токму во такво време, како што и самата авторка наместа имплицитно а понекогаш и експлицитно истакнува – време-невреме, во кое се и сешто и секој и секаде и вака и така и онака и секако нуди нешта кои само убаво глаголат, а малку кажуваат!

unnamed_6.jpg

Токму во таквото време недостигаат книги од овој калибар, книги кои имаат силна конкуренција токму заради некоректноста на таа конкуренција каде што она кое изгледа добро добива повеќе внимание од она кое носи корисно и добро во сосема човечка, искрена и прагматична смисла!

unnamed_5.jpg

Токму книгата – Гласот од тишината на Амела Апостоловска е дело кое пркоси токму на центарот на неавтентичното себеизнесување од себични причини, книга која им пркоси на лицемерните обиди да се прикаже сопствената несреќа или дури, несреќата на своето дете се со цел да се себепромовира, да се стане славен, да се привлече внимание! Нејзината книга е реткост од аспект што говори нешто толку интимно, толку болно, толку тешка ама на еден човечен, хуман и нежен глас, не-викајќи а привлекувајќи, не-судејќи ами приближувајќи, не-навредувајќи туку соочувајќи! Оваа книга е пример на мајчинска љубов, на пријателска посветеност, на човечки подадена рака кон сите, особено кон оние кои таква подадена рака ретко добиваат…

unnamed_1.jpg

Токму затоа, ова е книга за опредметената надеж која се вика – верба, книга за страна од нас што не очајува туку вели – стани и продолжи! Ова е книга во која – црното се обидува да ја види светлината!”

unnamed.jpg

Низ внатрешен дијалог со себеси преку едно самоприсутно себесозерцание се доведуваат на виделина феномените на душата…приодот е чисто интимен и интроспективно психолошки, во кој авторкaта си игра со внатрешните согледувања и доживувања во комбинација со вешто избрани позитивни насоки за пошироката околина, како да тоа што е доживеано се сака да се сподели! Сето тоа е изнесено низ интересна комбинација на кратки текстови кои се тематски, стихови и поеми и полуесејски делници со чисто интимни лични согледувања. Авторката зборува за внатрениот глас на секој од нас, гласот од нашата тишина, од најскриените и најискрените делови на нашиот внатрешен свет. – изјави проф. Мирослав Пендаровски, промотор на книгата.

Амела Мемиш Апостоловска е дипломиран педагошки едукатор, смер психологија. Во фокусот на нејзините истражувања и специјализации е и аутизмот. Мајка е на дете со аутизам.

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...
3 книги што ќе ве замислат (и ќе ве вовлечат во сосема поинаков свет) Наставник по историја кој е жив неколку векови, но не смее да се вљуби, момче шт...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg