3 модерни книги за кои сигурно не сте знаеле дека се инспирирани од Библијата

Дали знаевте дека серијалот „Хари Потер“ е инспириран од Библијата? Да проследиме уште два модерни романи, што се популарни, а за кои најверојатно е сте знаеле дека се инспирирани до Светото Писмо.

3-moderni-knigi-za-koi-sigurno-ne-ste-znaele-deka-se-inspirirani-od-biblijata-01.jpg

Светото Писмо или Библијата во минатото била инспирација за голем број светски познати писатели, поети и ликовни уметници. Од „Изгубениот рај“ на Џон Милтон, па сè до маестралните фрески и слики, се чини дека Светото Писмо било и ќе остане неисцрпен извор на инспирација.

Во продолжение да погледнеме 3 модерни романи, што со сигурност не сте знаеле дека се инспирирани од Библијата.

„Хари Потер и реликвиите на смртта“ – Џ. К. Роулинг

Познавачите на литературата ги забележуваат религиозните мотиви позајмени од Библијата низ сите делови од приказната за Хари Потер, но тоа станува најнагласено во последниот дел насловен „Хари Потер и реликвиите на смртта“.

Тематиката за саможртвувањето е клучна во овој последен дел од романот, а секој што ќе ја прочита приказната, ќе го препознае познатиот наратив позајмен од Светото Писмо.

3-moderni-knigi-za-koi-sigurno-ne-ste-znaele-deka-se-inspirirani-od-biblijata003.jpg

„Зелената милја“ – Стивен Кинг

Оние што не ја прочитале книгата, сигурно барем еднаш го изгледале филмот во кој Том Хенкс маестрално ја одигра главната улога.

Нема кој не се сеќава на затвореникот Џон Кофи кој е жртвуван заедно со двајца крадци, иако има неверојатна моќ да исцелува.

Оваа книга дефинитивно е еден вид модерна интерпретација на приказната за христовото распнување.

3-moderni-knigi-za-koi-sigurno-ne-ste-znaele-deka-se-inspirirani-od-biblijata-03_copy.jpg

„Хрониките на Нарнија“ – К. С. Луис

Светот на Нарнија е толку магичен, што само оние што се одлични познавачи на литературата внатре успеваат да ги препознаат мотивите преземени од Библијата.

Аслан е жртвуван на камената маса за да ги заштити своите следбеници, но кога доаѓаат да го спасат, неговото тело исчезнува.

Аслан подоцна воскреснува и ги носи своите следбеници во рајот.

3-moderni-knigi-za-koi-sigurno-ne-ste-znaele-deka-se-inspirirani-od-biblijata-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
Три еротски романи кои ќе ви ја зовријат крвта (мора да ги прочитате) За љубителите на љубовните приказни, дополнети со малку еротика, овој пат имаме ...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Теодора од Скопје: „Имам библиотека од 600 книги - Кои 5 ми се омилени?“ „Татко ми читаше стрипови, а мајка ми книги. Сѐ уште го памтам првиот пат кога в...
4 одлични романи од српската писателка Зорана Шулц, посветени на силни жени Во една од книгите, главна хероина е самата авторка, а читателите ги води на воз...
Елена од Прилеп: „Книга од Горјан Петрески е ‘виновник’ за мојата зависност од читање - Кои ми се ом... „Речиси секој ден го започнувам на ист начин - со шолја кафе и барем половина ча...

Најчитани неделава