3 одлични книги за празничниот период

„Тајлер О’Нил е поранешен шампион во скијање кој има само една мисија – да направи неговата ќерка Џес да го добие најдобриот Божиќ на сите времиња. Но, по сплет на околности, неговата најдобра другарка Брена доаѓа да престојува во неговиот дом“ – кои 3 романи се одлични за празничниот период, за сите оние што сакаат доза романтика.

3-odlichni-knigi-za-praznichniot-period-01.jpg

Издвојуваме 3 романтични романи, што се одлични за празничниот период. Брзи лесни за читање, совршени се за слободните денови што ќе ги имате, а можете и да им ги подарите на вашите блиски кои се љубители на литературата и пишаниот збор.

„Нека снежи“ – Бет Морган

Беа Армстронг е метео девојка, која по завршувањето на долгогодишната врска по секоја цена ги избегнува средбите со нејзиното семејство за да не мора да ги слуша нивните коментари.

Но, со доаѓањето на божиќните празници, Беа веќе нема изговори да не го посети семејниот дом, а кога ќе стигне таму, ја чека изненадување. Таму е и Хенри Ферфакс, момчето што нејзините родители отсекогаш сакале да ѝ биде сопруг.

Како олеснување во целата ситуација е тоа што Беа ќе добие покана за интервју за работното место што долго го посакувала, но има само еден мал проблем: интервјуто е во Шкотска, таа нема автомобил, а надвор веќе почнува да снежи...

Така, Беа и Хенри тргнуваат на патување што долго ќе го паметат...

3-odlichni-knigi-za-praznichniot-period-02.jpg

„Можеби овој Божиќ“ – Сара Морган

Тајлер О’Нил е поранешен шампион во скијање кој има само една мисија – да направи неговата ќерка Џес да го добие најдобриот Божиќ на сите времиња.

Но, по сплет на околности, неговата најдобра другарка Брена доаѓа да престојува во неговиот дом.

Тајлер со сите сили се труди да не обрнува внимание на емоциите што ги чувствува за најдобрата другарка, а Брена се обидува со сите сили да се избори со љубовта што со години ја чувствувала за него.

Но, еден бакнеж е доволен за да промени сѐ... Дали ова е празникот кога сонот на Тајлер и Брена за заедничка иднина конечно може да стане реалност?

3-odlichni-knigi-za-praznichniot-period-03.jpg

„Една зима во Њујорк“ – Џози Силвер

Ирис е млада кулинарка која се сели во Њујорк за да сврти нов лист во животот, а една вечер сосема случајно ќе наиде на мала продавница за сладолед, која ќе ѝ го привлече вниманието затоа што е идентична со продавницата во која е фотографирана мајка ѝ во стара фотографија.

Следниот ден Ирис ќе се врати во продавницата за сладолед со цел да дознае нешто повеќе, а случајно ќе се запознае со младиот Џио, кој ќе открие дека продавницата најверојатно наскоро ќе биде затворена затоа што неговиот вујко, кој бил единствен што го знае семејниот рецепт, е во кома.

Заплетот настанува кога Ирис ќе сфати дека рецептот за сладолед што го добила од мајка ѝ е идентичен со рецептот на чичкото на Џио...

Ирис останува цела зима да работи во продавницата на Џио и се вљубува во него, но кога неговиот чичко ќе се разбуди од кома, се случуваат пресврти какви што никој не очекувал...

3-odlichni-knigi-za-praznichniot-period-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. К...
4 „модерни класици“ што секој интелектуалец вреди да ги има на својата полица Читањето книги не е обврска, туку треба да претставува задоволство, а вистинскит...
3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите) Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани...
3 одлични трилери без кои не треба да си заминете од Саем на книга 2024 Кои три трилери вреди да ги набавите годинава на Саемот на книга? Издвојуваме тр...
3 одлични крими трилери што ќе ги прочитате во еден здив Потрага по 5-годишно момче што одеднаш исчезнува од градинката во Стокхолм, мист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg