Три книги кои ќе ви го стоплат срцето, совршени за празничните денови

Новогодишните и божиќните празници носат многу топлина и убави чувства, па такви се и книгите што ви ги препорачуваме овој викенд.

tri-knigi-koi-kje-vi-go-stoplat-srceto-sovrsheni-za-praznichnite-denovi-01.jpg

Замислете ја следнава ситуација - седнувате дома под ќебе, чајче или топло чоколадо и лесна книга покрај вас која ќе направи да се чувствувате убаво, исто како во филмовите или на идиличните фотографии од списанијата.

Но, зошто да не го направите тоа и во реалноста?

Во пресрет на празниците, ви препорачуваме три книги кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ве расположат во текот на празничните денови.

„Нашиот најубав Божиќ“, Сара Морган

Гејл Мичел, брилијантната и амбициозна бизнисменка, со години се наоѓа во зенитот на кариерата, но по цена на односот со своите ќерки.

Откако ненадејно ќе се соочи со сопствената смрт, таа ги контактира со неочекувана покана: повторно да го поминат Божиќ заедно, првпат по пет години.

За сестрите Саманта и Ела Мичел, Божиќ е најубавиот период во годината, време кое го поминуваат во смеа и веселба, обидувајќи се да ги надоместат топлината и магијата што им недостигале на празниците додека растеле.

Годинава, додека Ела се приспособува на животот како мајка, а Саманта се надева да постигне деловна зделка за куќата во којашто ќе го поминат празникот, двете сестри решаваат да ја прифатат мајчината покана.

Додека снегот непрестајно паѓа, се разоткриваат стари тајни, се разгоруваат нови познанства и жените од семејството Мичел се принудени да се соочат со вистините што предолго ги избегнувале.

Заедно мора да научат дека патот до прошката ретко е без пречки, но понекогаш, еден Божиќ може да смени сè.

tri-knigi-koi-kje-vi-go-stoplat-srceto-sovrsheni-za-praznichnite-denovi-03.jpg

„Божиќната колиба“ Сара Морган

Имоџен е маркетиншки гениј, но иако нејзиниот имиџ на одличен професионалец е вистински, среќните приказни од детството што ги раскажува се исто толку измислени колку и нејзиниот наводен ентузијазам за Божиќ.

Работењето деноноќно и без одмор отсекогаш било нејзиното решение за преживување на празничната сезона, сè додека исцрпеноста не ја натера да направи катастрофална грешка.

Таа е принудена да земе еден месец одмор од работа, но за среќа, нема да мора да остане во бедното станче во Лондон и да размислува за својот тажен живот.

Дороти, нејзината омилена клиентка, ја поканува да престојува во нејзината божиќна колиба во Котсволдс.

Куќичката е совршено прибежиште и Имоџен брзо се навикнува на идиличниот селски живот, особено кога деновите ги минува со енергичниот ретривер и шармантниот ветеринар.

Но кога тајните од минатото ќе ѝ го нарушат мирот, Имоџен ќе треба да реши дали ќе остане сама за Божиќ или ќе успее да им прости на оние што ѝ згрешиле?

tri-knigi-koi-kje-vi-go-stoplat-srceto-sovrsheni-za-praznichnite-denovi-02.jpg

„Најпрекрасното злосторство на годината“ Али Картер

Меги Чејс и Итан Вајат се новата кралица на мистеријата и мајсторот на трилерите.

Таа го мрази од дното на душата, а тој мисли дека нејзиното име е Марси (иако таа постојано го поправа).

Кога и двајцата ќе ја прифатат мистериозната покана од нивниот таен обожавател да го поминат Божиќ во Англија, никој од нив не очекува нивниот домаќин да биде најпознатиот автор во светот: Еленор Ешли, Војвотката на смртта.

На три дена пред Божиќ, надоаѓа снежна бура, а следното утро Еленор ја нема. Исчезнала од заклучена соба.

Меги почнува да се прашува дали Елеонор е во опасност или ова е некаков тест. Дали Итан е нејзин соперник или е единствената личност меѓу сомнителните гости на имотот покриен со снег на која може да ѝ верува?

Додека снегот продолжува да вее, телефоните не работат, а напнатоста расте, секоја трага ги доближува Меги и Итан до вистината, а нивното соперништво се претвора во неочекувано партнерство.

Бидејќи овој Божиќ, двајцата мора да станат сојузници (а можеби и нешто повеќе) ако сакаат да ја спасат Елеонор. Освен ако прво не се убијат меѓу себе…

tri-knigi-koi-kje-vi-go-stoplat-srceto-sovrsheni-za-praznichnite-denovi-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Каролина - книга на англиски јазик, Лила - лесен роман: Што читаат познатите Македонци во лето 2025?... Што читаат Каролина Гочева или Ивона Јо ова лето? Погледнете кои книги ги сподел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg