Некои вистински приказни послужиле да се напишат навистина морничави трилери од кои ви се ежи кожата. „Девојките“ од Ема Клајн, која говори за живеење во култ е една од нив.
Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќе ве натераат да се исклучите од реалноста и да се одморите од мислите што ве оптоваруваат. Идеални за ментален одмор во овие летни жешки денови.
Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. Книгите, кои ја раскажуваат приказната за Џек и Лорелин, се читаат во еден здив, а читателот до последната страница не знае дали приказната преточена во три книги ќе има среќен крај.
Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско остварување на соништата, а во продолжение ви предлагаме 3 одлични книги што би можеле да ги понесете со себе.
Младата авторка Сања Стојанова од Велес која неделава ја имаше промоцијата на своето првенче сликовницата „Кошница со овошје“ е голем љубител на книгите, мултитаскинг мајка, пишува и твори, работи со деца.
Роберт Ладлам е најпродаваниот писател на трилери на сите времиња, со повеќе од двесте милиони продадени примероци. Ако сте љубител на книгите со многу интриги кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница, ви нудиме три романи од Ладлам кои откако ќе ги прочитате ќе им ги препорачате и на пријателите.
Два романи за жената која се соочува со семејно насилство и која се обидува да ѝ даде шанса на вистинската љубов, но истовремено да ја „заврши“ генерациската траума која се пренесува од колено на колено. Ако мајката била жртва, тоа не значи дека и ќерката треба да трпи, туку напротив, треба да стане посилна и да се спротивстави.
Читањето книги не е обврска, туку треба да претставува задоволство, а вистинските интелектуалци речиси секогаш можат да најдат заеднички теми за разговор поврзани со книгите и романите кои ги читаат.
Што се случило со убавата маѓепсничка Кирка откако Одисеј го напуштил нејзиниот остров? Доколку сте љубител на убавиот пишан збор, тогаш сигурно некоја од овие книги ќе ви се допадне. Станува збор за три нови романи во кои главни протагонисти се силните жени, што знаат што сакаат да постигнат во животот и кои нè инспирираат да бидеме поистрајни и посилни.
Од белетристика до криминалистички и детективски романи. Од литература за деца до научни изданија и биографии. Саемот на книга и годинава ќе изобилува со голем избор на книжевни изданија. Издвојуваме 5 книги што сигурно ќе бидат меѓу најбараните на Саемот.
Британската писателка Александра Потер (52) со години ја воодушевува публиката од целиот свет со своите љубовни книги и приказните за девојките кои се во потрага по љубов и авантура... Дали досега сте прочитале некоја нејзина книга?
Писателот Сидни Шелдон повеќе од 50 години важи за мајстор на романтичните трилери. Овој светски бестселер автор е меѓу омилените на женската публика – во неговите романи доминираат силни и паметни женски ликови со кои дамите се поистоветуваат.
Писателот Џон Гришам е познат и како мајсторот на адвокатските крими-трилери. Неговите книги се читаат во еден здив, а приказната ќе ви го држи вниманието до последната страница.
„Танц околу Сонцето“ и уште две предлог книги од најпопуларната писателка на балканските простори – Ведрана Рудан.
Генијалната „Мала книга на стапици“ доби ново издание, што е неопходно помагало за сите оние што сакаат да пишуваат. Љубителите на трачот и скандалите имаат можност да ја прочитаат „Резерва“ на принцот Хари, а книгата „Согласност“ е мемоар што ќе ве остави без зборови.
„Прво лице еднина“ е одлична за сите оние што сакаат кратки раскази, „Јужно од границата, западно од сонцето“ е роман за љубовта и пријателството, а „Длабоко во ноќта“ е надреалистичен роман што се одвива во времето од полноќ до утро, односно кога сите спијат. Проследете неколку интересни факти за легендарниот Харуми Мураками и во прилог 3 предлог книги што би требало да ги прочитате.
„Во Лондон Пембе ќе се соочи со избор: да остане верна на старите традиции или да даде сè од себеси за да се вклопи во средината. Откако нејзиниот сопруг Адем ќе го напушти семејството, најстариот син Искендер ја превзема улогата на „глава во семејството“, но тој не прифаќа дека мајка му може да има афера“ – Елиф Шафак пишува за темите што сè уште се сметаат за скандалозни во родната Турција.
Кој сака да чита приказни за принц на бел коњ, а кому ќе му се допаднат ексцентрични бајки раскажани од перспектива на негативците? Кој нов романтичен роман треба да го прочитате според карактеристиките на вашиот хороскопски знак?