Стојанова: „Печатените книги имаат своја магија, никогаш не сум го сакала читање на екран и додека не го почувствувам мирисот на книгата исто како и да не сум читала“

Младата авторка Сања Стојанова од Велес која неделава ја имаше промоцијата на своето првенче сликовницата „Кошница со овошје“ е голем љубител на книгите, мултитаскинг мајка, пишува и твори, работи со деца.

 stojanova-pechatenite-knigi-imaat-svoja-magija-nikogash-ne-sum-go-sakala-chitanje-na-ekran-i-dodeka-ne-go-pochuvstvuvam-mirisot-na-knigata-isto-kako-i-da-ne-sum-chitala-01.jpg

Вели дека никогаш не го сакала читање на екран и додека не ја земе книгата во раце, не ја почувствува хартија меѓу прстите, додека не го почувствува мирисот на книгата, исто како и да не читала. Токму тоа е една од причините за која таа во време на дигитализација решава да издаде книга. Пишувањето и било секојдневие, но чувствувала голема несигурност во себе истото да го обелодени.

stojanova-pechatenite-knigi-imaat-svoja-magija-nikogash-ne-sum-go-sakala-chitanje-na-ekran-i-dodeka-ne-go-pochuvstvuvam-mirisot-na-knigata-isto-kako-i-da-ne-sum-chitala-03.jpg

„Јас имам домашна библиотека, секогаш читаме со децата. Купувам и детски сликовници и книги кои ги обожаваме дома. Инспирација за оваа сликовница ми е моето поголемо дете Андреј. Кога читаме со него има толку многу прашања, многу често си прави слики и ужива во тоа... Сакав моето прво дело да симболизира поврзаност со него, затоа што токму прашањата на Андреј поттик се за мојата имагинација. Не секогаш сакам да му ја доловам суровата реалност па вртам одоколу со малку порозева слика и така и јас секој пат се повеќе живеам со нив во приказните“- објаснува Сања.

stojanova-pechatenite-knigi-imaat-svoja-magija-nikogash-ne-sum-go-sakala-chitanje-na-ekran-i-dodeka-ne-go-pochuvstvuvam-mirisot-na-knigata-isto-kako-i-da-ne-sum-chitala-06.jpg

Концептот на оваа сликовница е љубовта кон овошките, љубовта кон баба и најблиските. Барајќи ги бројките меѓу страниците ги вежбаме малите очиња и ја поттикнуваме имагинацијата. Зборуваме за здрави навики и преку прошетка на пазарот ви пренесуваме шаренило од бои и убавини. Андреј ве води низ оваа сликовница, а вие најмали-најмили уживајте!

stojanova-pechatenite-knigi-imaat-svoja-magija-nikogash-ne-sum-go-sakala-chitanje-na-ekran-i-dodeka-ne-go-pochuvstvuvam-mirisot-na-knigata-isto-kako-i-da-ne-sum-chitala-04.jpg

На прашањето за кого е наменета оваа сликовница Сања ќе одговори „Возраста за која е наменета се децата кои веќе имаат 3 години па нагоре. Со оглед на тоа дека помалите преку сликите ќе уживаат во неа, а оние дечиња од предшколска возраст ќе можат и да ја прочитаат. Токму затоа е лесна и певлива“.

Промоцијата на сликовницата „Кошница со овојше“ се случи во Медијатеката на градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес пред многубројна публика, а детскиот џагор и смеа, се слушаа низ целата библиотека.

„Промоцијата беше бура од емоции! Толку многу народ, познати и непознати лица. Луѓе на кои им ја должам цела своја среќа за тоа што одделија од своето време за да бидат со мене. Колку само сум била сакана не бев ни свесна. Дечињата цртаа и уживаа, а јас имав ден за паметење, кој ќе ми биде инспирација за наредно дело.“- вели Сања. 

kosnica_5.jpg

Промотор на сликовницата беше писателот Панче Коцев, додека илустрациите се дело на Надица Златкова Митевска којашто е графички дизајнер и илустратор со долгогодишно работно искуство.

Сања моментално води игротека за тинејџери и вели дека никогаш доста од нив, од секогаш сакала да работи со деца ... „Сакам организирани дружби, сакам кога гледам дека со интерес ме слушаат и дека тие очиња го впиваат она малку што јас го знам. Децата не судат, тие љубат искрено и секогаш после роденден јас имам сила за уште многу такви настани“ – објаснува таа.

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 романтични книги што треба да ги понесете на плажа со себе Некој сака опуштени љубовни приказни, други сакаат мрачни херои, а трети пак, се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg