3 романи што треба да ги прочитате од Елиф Шафак, скандалозна турска авторка

„Во Лондон Пембе ќе се соочи со избор: да остане верна на старите традиции или да даде сè од себеси за да се вклопи во средината. Откако нејзиниот сопруг Адем ќе го напушти семејството, најстариот син Искендер ја презема улогата на „глава во семејството“, но тој не прифаќа дека мајка му може да има афера“ – Елиф Шафак пишува за темите што сè уште се сметаат за скандалозни во родната Турција.

bila-izvedena-na-sud-zatoa-shto-shiri-nemoral-vo-turcija-3-romani-od-elif-shafak-shto-treba-da-gi-prochitate-01.jpg

Ако некогаш сте земале да читате роман од најпознатата турска авторка Елиф Шафак, тогаш знаете дека станува збор за вонвременски талентирана писателка со неверојатна моќ да ве држи фокусирани на приказната од самиот почеток до крајот.

Нејзините романи се приказни што носат силни поуки, во кои може да се пронајдат голем број луѓе и што преку карактерите во нејзините романи совршено ја доближува турската култура до читателите.

Со Шафак се запознав уште од „Копилето од Истанбул“ и признавам дека нејзините романи се меѓу оние на коишто многу често се навраќам, затоа што уште од првата реченица ме наведува на длабоки размислувања и самопромислувања.

Судирот на традиционалните турски сфаќања со модерните вредности совршено резонира со балканската, но и со светската публика.

bila-izvedena-na-sud-zatoa-shto-shiri-nemoral-vo-turcija-3-romani-od-elif-shafak-shto-treba-da-gi-prochitate-02.jpg

Елиф Шафак е авторка која пишува и на англиски и на турски јазик, која има докторат од областа на политичките науки, а предавала на повеќе универзитети во Турција, САД и Велика Британија.

Заради своите отворени заложби за феминизмот, прозападните идеи и заради тоа што честопати пишува на „неприфатливи теми“ во турското општество, таа била изведена пред суд затоа што „ја навредила турската нација“ (за „Копилето од Истанбул“), а била под истрага и за ширење и поттикнување неморал и блуд (за „10 минути и 38 секунди во овој суров свет“).

Овојпат извдвојуваме три романи од најпознатата и најнаградувана турска авторка, коишто се преведени на македонски јазик и што секој вистински љубител на убавиот пишан збор треба да ги прочита:

„Чест“

Ова е приказна за љубовта во семејствата и недоразбирањата. Две сестри близначки Џамила и Пембе растат заедно во традиционално курдско село, а потоа животот ќе ги однесе во различни правци.

Џамила останува во родниот крај да работи како бабица, а Пембе „по грешка“ се мажи и заминува да живее во Лондон.

Во Лондон Пембе ќе се соочи со избор: да остане верна на старите традиции или да даде сè од себеси за да се вклопи во средината.

Откако нејзиниот сопруг Адем ќе го напушти семејството, најстариот син Искендер ја презема улогата на „глава во семејството“ чија главна цел е да не дозволи семејството да биде посрамотено.

Ситуацијата дополнително се заплеткува кога напуштената Пембе ќе започне афера со Елијас и кога Искендер за првпат ќе сфати дека е можно да сакаш некого со целото срце, но да бидеш подготвен да го повредиш во име на честа.

bila-izvedena-na-sud-zatoa-shto-shiri-nemoral-vo-turcija-3-romani-od-elif-shafak-shto-treba-da-gi-prochitate-06.jpg

„Трите ќерки на Ева“

Ова е роман што ќе им се допадне на сите оние што сакаат романи, во кои, главното место каде што се одвиваат настаните, е свеста на протагонистите.

Пери е богата, омажена Турчинка која тргнува на вечера во палата во Истанбул, а заплетот во романот почнува во мигот кога еден питач ќе се обидe да ѝ ја украде чантата.

Во борбата да си ја задржи чантата, на Пери ѝ паѓа една стара фотографија на земјата, на која е таа со уште две други девојки и нивниот професор од Универзитет.

Дејствието се случува во една вечер во градот кој истата ноќ е мета на терористички напади, а во свеста на Пери имаме можност да ги проследиме настаните од минатото.

Приказна за трите девојки кои заедно студирале на Оксфорд, нивниот професор и скандалот заради кој тие морале да стават крај на пријателството.

bila-izvedena-na-sud-zatoa-shto-shiri-nemoral-vo-turcija-3-romani-od-elif-shafak-shto-treba-da-gi-prochitate-04.jpg

„10 минути и 38 секунди во овој чуден свет“

Срцето престанува да чука, но мислите и понатаму течат и тоа во времетраење од 10 минути и 38 секунди.

Секоја секунда по смртта на Лејла ѝ носи по еден спомен од животот:

  • семејната тајна за нејзиното раѓање; детството во мирното турско гратче; вкусот на манџата направена од месото на козата што татко ѝ ја жртвува за да го прослави раѓањето на долгоочекуваниот син; бегството во Истанбул за да го избегне несаканиот брак; вкусот на чоколадните бонбони што ги јаде со згодниот студент во борделот во кој работи...

Секој спомен ја потсетува и на пријателите што ги запознала во клучните мигови од својот живот ‒ пријатели кои сега очајно се обидуваат да ја најдат...

bila-izvedena-na-sud-zatoa-shto-shiri-nemoral-vo-turcija-3-romani-od-elif-shafak-shto-treba-da-gi-prochitate-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница) Кејн, Рид, Броди... Тројца мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз око...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. К...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg