5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите
Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. Тој е најмладиот детектив за убиства кој некогаш работел во полицијата во Лос Анџелес, а убиства почнал да решава уште од првиот ден на работното место.

Сите романи посветени на Роберт Хантер е, Картер ги пишува со неверојатна прецизност.
На моменти тие се толку напнати и волшебно привлечни, што нема да сакате да ги пуштите од рака, додека не стигнете до последниот ред од книгата.
Крис Картер
Ако сте љубител на овој книжевен жанр, ви препорачуваме 5 книги, кои, веруваме ќе ви се допаднат:
Ловецот
Роберт Хантер е најмладиот детектив за убиства кој некогаш работел во полицијата во Лос Анџелес.
На неговиот прв ден на работното место, како на неискусен почетник, му даваат едноставен случај со самоубиство.
Но кога тој пристига на местото, веднаш почнува да се сомнева дека нешто не е како што треба.
И покрај фактот дека влезната врата е заклучена и затворена однатре со резе, а не постои апсолутно никаков друг излез од станот, Хантер има претчувство дека жртвата не извршила самоубиство.
Со оглед на тоа дека сите докази се против него, неговиот шеф не сака да чуе за експерименти, па Хантер има тешка задача ако сака да го реши случајот и да го задржи своето место во тимот.

Јас сум смрт
Седум дена по нејзиното киднапирање е пронајдено телото на 20-годишна жена во празниот дел на меѓународниот аеродром на Лос Анџелес.
Телото е поставено со раширени раце и нозе, во форма на петокрака човечка ѕвезда.
Обдукцијата открива дека таа била измачувана и убиена на најбизарен можен начин.
Но изненадувањата не завршуваат тука - убиецот сака да си игра и им има оставено нешто на полицајците.
Детективот Роберт Хантер, кој ја води специјалната единица за ултра насилни злосторства, повторно е назначен да го води случајот.
Но уште пред да почне, се појавува и второ тело.
Соочувајќи се со нови предизвици Хантер сфаќа дека брка чудовиште, човек чие минато крие ужасна тајна и чија желба да повредува и убива луѓе никогаш не може да биде згасната, бидејќи тој е… смрт.

