Три трилери кои задолжително треба да ги прочитате во септември

Аутистично момче (5) преку своите цртежи дава траги за убиство; жена се обидува да докаже дека сестра ѝ е лажно обвинета за убиство 20 години по нејзината смрт; единствена преживеана во семеен масакр е осомничена за убиството...

tri-trileri-koi-zadolzhitelno-treba-da-gi-prochitate-vo-septemvri-01.jpg

Некои книги ќе ве држат во исчекување до последната страница, па дури и кога мислите дека го знаете одговорот на мистеријата - може да се изненадите.

А токму такви се овие книги, кои се нашата препорака за следниов период.

Кои книги треба да ги прочитате до крајот на септември?

„Дваесет години подоцна“ од Чарли Донли

Ејвери Мејсон, водителка на емисијата „Американски настани“, знае кои теми го привлекуваат вниманието на телевизиската публика.

Нејзината најнова сторија - мистерија за убиство измешана со изопачен секс, трагедија и со предавство, со гаранција ќе оствари највисоки можни рејтинзи.

Благодарение на најновата технологија за работа со ДНК, главниот патолог на Њујорк успева да ја изведе првата успешна идентификација на жртва од терористичките напади на 11 септември 2001.

Пресвртот се состои во тоа што жртвата е Викторија Форд, своевремено обвинета за убиство на нејзиниот љубовник, инаку женет човек.

Во последниот телефонски повик до сестра си, од кој замрзнува крвта, Викторија ѝ остава порака со која ја преколнува да ја докаже нејзината невиност.

Сестрата, Ема Кајнд, чека да спласне правта, но таа траума не може да се смири сè додека не успее да го обели образот на Викторија.

Јажето, спалната соба и целата сцена на злосторството биле прекриени со траги од ДНК на сестра ѝ, но дали зад ова се крие нешто повеќе?

tri-trileri-koi-zadolzhitelno-treba-da-gi-prochitate-vo-septemvri-03.jpg

„Цртежи од темнината“ од Џејсон Рекулак

Мелори Квин тукушто излегува од рехабилитација и наоѓа ангажман кај брачната двојка Тед и Керолајн Максвел: ќе го чува нивниот петгодишен син Теди.

Мелори веднаш ја засакува работата. Има свој простор каде што живее, навечер излегува да трча, ја добива стабилноста по која одамна копнее.

Искрено и топло се поврзува со Теди, мило и срамежливо детенце вечно со блок и со молив в раце.

Неговите цртежи се обични: тој црта дрвја, зајаци, балони. Но, еден ден, ќе нацрта нешто сосема поинакво: маж кој во некоја шума влече по земја безживотно тело на жена.

По ова, сите следни цртежи стануваат сè позлокобни, несмасно нацртаните човечиња од неговите први обиди брзо се менуваат и стануваат живописни скици кои далеку ги надминуваат цртачките способности на петгодишно дете.

Мелори почнува да се прашува дали тие можеби се сеќавања од дамнешно нерасчистено убиство, а можеби и се поврзани со некоја натприродна сила.

Мелори знае колку звучи лудо сето тоа, но се нафаќа да ги дешифрира овие цртежи и да го спаси Теди пред да стане предоцна.

tri-trileri-koi-zadolzhitelno-treba-da-gi-prochitate-vo-septemvri-06.jpg

„Само таа остана“ од Рајли Сејгер

Сите мислат дека Ленора Хоуп е убиец.

Кога нејзиното семејство било масакрирано, таа била единствената што останала жива во текот на трагичната ноќ.

Повеќе од пет децении подоцна, нема и парализирана, седи врзана за инвалидска количка. Ленора никогаш немала можност да ја каже својата страна на приказната, сè додека нејзината нова негувателка, Кит, не ѝ донесе дактилографска машина.

Со еден функционален прст, Ленора почнува да пишува: „Сакам да ти кажам сè.“

Додека Кит ѝ помага на Ленора со пишувањето, станува јасно дека приказната крие повеќе од тоа што сите мислат.

Но, кога на виделина излегуваат нови детали, Кит почнува да се сомнева дали Ленора ја кажува целата вистина.

Дали жената за која се грижи можеби е многу поопасна одошто си мисли?

tri-trileri-koi-zadolzhitelno-treba-da-gi-prochitate-vo-septemvri-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...
Три еротски романи кои ќе ви ја зовријат крвта (мора да ги прочитате) За љубителите на љубовните приказни, дополнети со малку еротика, овој пат имаме ...
Мелиса од Скопје: „Имам 150 книги, цртам бележници според кориците - кои се моите 3 омилени трилери?... „Нешто што почна како хоби, прерасна во голема љубов и уште поголема домашна биб...
3 одлични книги по кои се снимени хит-серии и мора да ги прочитате Прочитајте ги овие одлични дела и дознајте колку филмската адаптација се разлику...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Три романтични книги кои треба да ги прочитате до крајот на летото Љубовна измама, невозможна љубов, светска ѕвезда која трага по нормален живот и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg