5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите
Галерија на мртвите
„Работам во полицијата подолго од три декади и за тоа време имам видено куп лудачки дела, но кога пред смртта би требало да изберам една работа што би сакал да ја заборавам, тоа би било она што се наоѓа во онаа соба.“
Тоа е мислата која се врти низ главата на детективот Хантер кога пристигнува на едно од најшокантните места на злосторства кои некогаш ги видел.
Неочекуваниот развој на настаните ги принудува Хантер и неговиот партнер да ги здружат силите со ФБИ за да го фатат серискиот убиец кој не знае за граница.
Овој пат бркаат психопатот кој го обожава тоа што го прави затоа што за него, убиствата се многу повеќе од убивање - тие се форма на уметност.

Јавувачот
По напорната недела, Тања Кејтлин со нетрпение очекува да помине безгрижна вечер во својот дом, но кога ќе излезе од тушот, го слуша мобилниот телефон како ѕвони.
Нејзината најдобра пријателка Карен Вард ѝ се јавува преку видеоповик. Тања одговара и кошмарот започнува.
Карен е врзана за столче во нејзината дневна соба, со затворена уста.
Ако Тања успее да даде точен одговор на две прашања, нејзината пријателка ќе преживее, но ако одговори погрешно тогаш ќе биде сведок на ужасно и одвратно убиство.
Длабокиот, рапав глас од другата страна на линијата ѝ се заканува на Тања дека ако го прекине повикот или само го сврти погледот настрана, таа ќе биде следна.
Хантер и неговиот партнер, Гарсија, почнуваат да го истражуваат случајот.
Трагаат по предатор кој своите жртви ги наоѓа на улица и на социјалните мрежи, им ги проучува грешките, ги измачува со анонимни пораки и ужива во нивниот страв…

Еден по еден
Детективот Роберт Хантер добива анонимен повик и чудно барање: да посети конкретна веб адреса - еден вид приватно емитување на содржина.
Хантер ја отвора адресата и веднаш почнува шоу осмислено специјално за негови очи.
Но јавувачот не сака детективот Хантер само да гледа, тој сака и да учествува, а одбивањето да го прифати барањето едноставно не е опција.
Принуден да направи одвратен избор меѓу две подеднакво грозоморни опции, Хантер мора да седи и да го гледа измачувањето и убиството на неидентификувана жртва во живо на интернет.
Полицијата на Л.А. и ФБИ ги користат сите свои ресурси за електронски да го лоцираат преносот, но овој убиец не е аматер и беспрекорно си ги има покриено трагите.
Уште пред Хантер и Гарсија да успеат официјално да започнат со истрагата, Хантер добива нов повик со нова веб адреса и нова жртва.
Но овој пат убиецот ја крева играта на следното ниво: реално шоу со убиство во живо, каде секој може да гласа за начинот на убивање.

А. Ј. | Црнобело
