3 книги од Сидни Шелдон што мора да ги прочитате – романтични трилери што ќе ве држат во неизвесност до крај

Писателот Сидни Шелдон повеќе од 50 години важи за мајстор на романтичните трилери. Овој светски бестселер автор е меѓу омилените на женската публика – во неговите романи доминираат силни и паметни женски ликови со кои дамите се поистоветуваат.

3-knigi-od-sidni-sheldon-shto-mora-da-gi-prochitate-romantichni-trileri-shto-kje-ve-drzhat-vo-neizvesnost-do-kraj-01_copy.jpg

Роден е на 11 февруари 1917 година, а почина на 30 јануари 2007 година. Во својата долга кариера пишуваше сценарија за претстави на Бродвеј, а потоа и за телевизиски шоуа.

Кариерата на писател ја почна релативно доцна, на 51 година, кога го напиша првиот роман „Голо лице“ (Naked Face).

3-knigi-od-sidni-sheldon-shto-mora-da-gi-prochitate-romantichni-trileri-shto-kje-ve-drzhat-vo-neizvesnost-do-kraj-03.jpg

Шелдон напиша 18 романи, кои се преведени на 51 јазик и продадени во преку 300 милиони копии. По дел од нив се снимени филмови и серии.

Во продолжение ви препорачуваме 3 книги од славниот писател, кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај...

3-knigi-od-sidni-sheldon-shto-mora-da-gi-prochitate-romantichni-trileri-shto-kje-ve-drzhat-vo-neizvesnost-do-kraj-02.jpg

„Ништо не трае вечно“ (Nothing Lasts Forever)

Во овој трилер Шелдон раскажува приказна за три жени докторки кои пробуваат да се докажат во професијата во која доминираат мажи.

Секоја од нив има своја приказна, а секоја од трите приказни е поврзана и испреплетена со животот на другите две.

Но, одеднаш се случува хаос – едната умира, болницата во која работи втората се затвора, а третата ја чека смртна пресуда за убиство…

„Небото паѓа“ (The Sky Is Falling)

Во оваа криминалистичка книга Шелдон пишува за Дејна Еванс, телевизиска репортерка која пробува да го разреши убиството на семејството Винторп.

Дел од дејството се случува во повоено Сараево, каде што Дејна снима репортажа за војната и децата сираци.

Но, по убиството на Гери Винторп, последниот човек на едно од најугледните светски семејства, таа почнува да бара одговори за неговата смрт.

„Полноќни спомени“ (Memories of Midnight)

Кетрин Даглас преживува трагедија во која го губи памтењето.

Но, таа е решена да се сети на минатото и да си го врати животот каков што бил претходно.

Во потрагата по минатото, Кетрин се сретнува со харизматичниот Константин Демерис, грчки тајкун, кој го убил сопругот на Кетрин…

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три романтични книги кои треба да ги прочитате до крајот на летото Љубовна измама, невозможна љубов, светска ѕвезда која трага по нормален живот и ...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...

Најчитани неделава