4 „модерни класици“ што секој интелектуалец вреди да ги има на својата полица

Читањето книги не е обврска, туку треба да претставува задоволство, а вистинските интелектуалци речиси секогаш можат да најдат заеднички теми за разговор поврзани со книгите и романите кои ги читаат.

4-moderni-klasici-shto-sekoj-intelektualec-vredi-da-gi-ima-na-svojata-polica-01.jpg

Под терминот „модерни класици“ најчесто се вбројуваат книгите што настанале во 20-тиот век, но за кои сме сигурни дека заради својот квалитет и убавина долго време ќе се читаат и за нив ќе се зборува.

Во продолжение издвојуваме неколку модерни класици кои секој интелектуалец би требало да ги прочита и да ги има на својата полица:

„Стакленото ѕвоно“ – Силвија Плат

Единствениот роман на поетесата Силвија Плат е напишан истата година кога таа одлучила да си го одземе животот.

Дејството на романот се случува во 1953-та година кога Естер Гринвуд (19) ќе добие летна пракса во престижно списание во Њујорк.

Но, преку фиктивната приказна за Естер, авторката ја раскажува својата приказна што ја издигнува на едно општочовечко ниво.

4-moderni-klasici-shto-sekoj-intelektualec-vredi-da-gi-ima-na-svojata-polica-02.jpg

„Името на розата“ – Умберто Еко

Детективско историски роман, чиешто дејствие се случува во среденовековен италијански манастир.

Англискиот францисканец Вилјем од Баскервил во придружба на својот ученик и искушеник Адсон од Мелк се соочува со тешка детективска задача: некој ги убива свештениците во манастирот, но не е познато кој е убиецот, а на прв поглед не постои некоја видлива причина и поврзаност меѓу жртвите.

Станува збор за роман кој важи за вистинско ремек дело и којшто беше филмуван со легендарниот Шон Конери во главната улога и кој навистина вреди да го прочитате.

4-moderni-klasici-shto-sekoj-intelektualec-vredi-da-gi-ima-na-svojata-polica-06.jpg

„Љубена“ – Тони Морисон

Дејствието се одвива по граѓанската војна во САД, „Љубена“ е приказна за дисфункционалноста на семејствата на поранешните робови кои успеале да побегнат од животот во пранги.

Сета бега во Охајо за да се ослободи од ропството, а таму со својата 18-годишна ќерка живеат заедно во куќа прогонувана од духови.

Но, Сета верува дека духот е на нејзината најстара ќерка – девојчето чијшто гроб го оставила зад себе и на чијашто плоча стои само еден збор: „Љубена“.

4-moderni-klasici-shto-sekoj-intelektualec-vredi-da-gi-ima-na-svojata-polica-03.jpg

„Крал, дама, џандар“ – Владимир Набоков

Многумина слушнале за маестралниот роман на Набоков, „Лолита“ , а „Крал, дама, џандар“ е првиот од трите романи на Набоков со германска тематика.

Младиот Франц, кој потекнува од провинција заминува во престолнината за да живее кај својот далечен и богат чичко и неговата млада сопруга Марта.

Марта е незадоволна од бракот со сопругот, па набрзо успева да го заведе младиот внук и да почне да крои планови како заедно да се ослободат од сопругот, за да уживаат во неговото богатство и љубовта.

4-moderni-klasici-shto-sekoj-intelektualec-vredi-da-gi-ima-na-svojata-polica-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg