3 нови романи со моќни хероини, кои нема да ви дадат мир до последна страница

Што се случило со убавата маѓепсничка Кирка откако Одисеј го напуштил нејзиниот остров? Доколку сте љубител на убавиот пишан збор, тогаш сигурно некоја од овие книги ќе ви се допадне. Станува збор за три нови романи во кои главни протагонисти се силните жени, кои знаат што сакаат да постигнат во животот и кои нè инспирираат да бидеме поистрајни и посилни.

3-novi-romani-shto-nema-da-vi-dadat-mir-dodeka-ne-gi-zavrshite-01.jpg

Иако станува збор за тематски мошне различни четива, заедничко за сите три романи е тоа што тангираат прашања поврзани со феминистичката критика и воопшто феминизмот како појава, а се идеални за сите оние читатели што сакаат да следат приказни за моќни хероини што гордо знаат да се носат со сите потешкотии што им ги носи животот.

Од приказната на Елизабет Зот, хемичарката која во 60-тите и 70-тите години мора да работи и да се обиде да изгради кариера занимавајќи се со „типично машка професија“, преку „обесправената“ Кирка која во митот за Одисеј има улога на заводничка, што само му го отежнува патот и го наведува на неверство, до шармантната пожарникарка Кеси Халвел...

Ова се три приказни за жени кои кои се обиделе да го најдат своето место под Сонцето и конечно го добиле правото да „ја раскажат“ сопствената приказна:

„Лекции по хемија“ – Бони Гармус

Преку комичната приказна на хемичарката Елизабет Зод, дознаваме многу за животот на жените што сакале да се занимаваат со наука во периодот на 60-тите и 70-тите години од минатиот век.

Станува збор за мајсторски напишано четиво, што ќе ве изненади со добро разработената приказна, која истовремено изобилува со комични моменти што ќе ве насмеат и ќе ве расположат, но ќе ве натераат и на размислување.

Преку приказната за Елизабет и нејзините колеги кои ѝ го оспоруваат талентот и го користат за сопствен престиж, почнувате да размислувате за положбата на жената во општеството – каква била во минатото и колку нештата се промениле денес.

Сепак, со воведувањето на ликот на Калин Еванс, хемичарот кој се вљубува во Елизабет заради нејзиниот остар ум, романот станува вистинско четиво за хемиската реакција што се случува откако ќе се сретнат две личности меѓу кои постои голема привлечност.

3-novi-romani-shto-nema-da-vi-dadat-mir-dodeka-ne-gi-zavrshite-02_copy.jpg

„Кирка“ - Мадлин Милер

Ова е идеален роман за сите оние што се љубители на грчката митологија, но и на приказната за Одисеј. Во овој роман, приказната ја раскажува Кирка, маѓепсницата која го убедила Одисеј да остане една година на нејзиниот остров и да спие со неа.

Според Хомер, Одисеј во таа година ја засакал Кирка, но копнеел по тоа да се врати дома на Итака, кај својата Пенелопа.

Кирка е ќерка на Хелиј, богот на Сонцето, и нимфата Персеида, но многу се разликува од нејзините родители – ја нема моќта на нејзиниот татко, ниту убавината на нејзината мајка.

Свртувајќи се кон обичните луѓе, каде се чувствува најприфатено, таа открива дека поседува талент да прави магии со кои своите непријатели ги претвора во чудовишта, а злобните луѓе во богови.

Зевс ја протерува да живее на напуштен остров каде слободно може да ги изведува своите вештини, но и каде таа има можност да се сретне со голем број митски суштества и ликови.

Кирка во својата желба за независност воопшто не е ниту свесна дека ѝ се закануваат најразлични опасности.

Таа несвесно си го навлекува гневот и на луѓето и на боговите, а на крај се соочува и со божицата Атина, која е позната по тоа што сака да им се одмазди на своите непријатели.

За да го заштити најмилото, Кирка ќе мора конечно да реши дали местото ѝ е покрај боговите, од кои потекнува, или покрај смртниците, коишто ги засакува.

3-novi-romani-shto-nema-da-vi-dadat-mir-dodeka-ne-gi-zavrshite-03.jpg

„Љубовта не гори во пожар“ – Кетрин Сентер

Станува збор за уште еден роман во кој главна протагонистка е силна жена, која се обидува да изгради кариера во типично „машка професија“ - Кеси Хенвел е среќна со својата работа како одликувана пожарникарка во Тексас.

Во својата професија таа била сведок на голем број трагедии: навикната е да влегува во оган и да им помага на жртвите, да спасува деца од автобус што паднал во клисура, да спасува луѓе со реанимација, но во мигот кога нејзината отуѓена мајка ќе ѝ се јави и ќе побара таа да се пресели во Бостон, Кеси ќе се најде во мошне тешка ситуација.

Тоа што ќе одлучи да го прифати барањето на мајка ѝ, во целост ќе ѝ го промени животот.

Состојбата во пожарната станица во Бостон е очајна. Станува збор за единица на која ѝ недостасуваат финансии и која располага со дотраена опрема, а нејзините колеги воопшто не се воодушевени од тоа што треба да прифатат нов колега, извинете, колешка.

Тие се полни со предрасуди кон неа заради нејзиниот пол, без разлика на тоа што таа е компетентна и мудра.

Нејзината приказна станува уште покоплицирана во мигот кога ќе го запознае колегата почетник, кон кого чувствува огромна привлечност, но знае дека не смее да направи ништо, затоа што за неа важи правилото: „Никогаш не стапувај во врска со колеги“.

3-novi-romani-shto-nema-da-vi-dadat-mir-dodeka-ne-gi-zavrshite-043-novi-romani-shto-nema-da-vi-dadat-mir-dodeka-ne-gi-zavrshite-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница) Кејн, Рид, Броди... Тројца мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз око...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
За секого по нешто: 3 книги што треба да ги имате на полицата Издвојуваме по една книга за секого: За безнадежните романтичари што сакаат да ч...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg