3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето

Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќе ве натераат да се исклучите од реалноста и да се одморите од мислите што ве оптоваруваат. Идеални за ментален одмор во овие летни жешки денови.

3-vozbudlivi-romani-idealni-za-mentalen-odmor-ova-leto-01.jpg

Две книги наменети за оние што сакаат да читаат „лесни“ љубовни приказни и една за оние што повеќе сакаат да се препуштат на мрачните светови на трилерите – се потрудивме да ви предложиме по една книга за сечиј вкус.

Погледнете кои наслови би ви биле идеални доколку сакате ментално да се опуштите од стресот на секојдневието и да влезете во некои други светови.

Џоџо Мојес – „Во нечии други чевли“

Интересна приказна исполнета со доза на хумор препознатлив за романите на Џоџо Мојес. „Во нечии други чевли“ е роман што ќе ве опушти и добро ќе ве насмее.

Започнува како типична приказна на „заменети судбини“ помеѓу двете жени Ниша Кантор и Сем Кемп, а магичниот објект што ги поврзува двете жени е изгубената торбица на Ниша во која се нејзините скапи чевли на Christian Louboutin.

Ниша мора да го промени својот луксузен начин на живот откако ќе дознае дека нејзиниот сопруг бара развод, а на Сем, која ќе ја најде торбицата на Ниша, животот ѝ се менува од корен откако ќе ги облече високите потпетици со црвен ѓон и со нив ќе отиде на деловен состанок.

3-vozbudlivi-romani-idealni-za-mentalen-odmor-ova-leto-02.jpg

Сали Руни – „Нормални луѓе“

Конел и Мариан се средношколци кои на училиште се преправаат дека не се познаваат. Тој е популарен, ѕвезда на фудбалскиот тим, додека таа е осамена, горделива девојка што сака да ја сочува својата приватност.

Мајката на Конел работи како чистачка во куќата на Мариан, а двајцата средношколци стануваат свесни за силната хемија што постои меѓу нив еден ден кога тој ќе оди да ја земе својата мајка од работното место.

Следната година тие двајцата заедно студираат на колеџ во Даблин, каде Мариен успеала одлично да се вклопи во средината, а Конел е изолиран и се држи на маргините.

Роман за јачината на првата љубов, за разликите меѓу општествените класи, но и за тоа какво влијание имаат семејствата и пријателите врз животот на младите луѓе.

3-vozbudlivi-romani-idealni-za-mentalen-odmor-ova-leto-03.jpg

Дерби Кејн – „Убава мала сопруга“

Лајла Риџфилд живее во мал град, но работите не се онакви како што изгледаат на прв поглед.

Претходно исчезна една студентка, а сега Арон, сопругот на Лила кој работел како професор, исто така е исчезнат. Сите сметаат дека станува збор за случајни и неповрзани несреќи, сѐ додека не се открие нешто ново.

Додека сите се загрижени каде е омилениот професор во средното училиште, неговата сопруга Лајла е збунета заради неговото исчезнување.

Таа била последната личност што го видела неговото тело, а сега тоа е исчезнато.

3-vozbudlivi-romani-idealni-za-mentalen-odmor-ova-leto-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...

Најчитани неделава