„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови 

Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско остварување на соништата, а во продолжение ви предлагаме 3 одлични книги што би можеле да ги понесете со себе.

lejla-od-kolin-huver-i-ushte-2-odlichni-napnati-knigi-za-letnite-denovi-01.jpg

Доколку летово имате малку повеќе слободно време, тогаш нема да погрешите ако го поминете со некоја од наведените три книги. Приказните ќе ве одведат во некој друг свет и ќе ви помогнат да отпатувате.

Наменети за сите оние што сакаат напнати крими приказни, овие три книги не треба да ги пропуштите:

„Специјалист за љубомора“ – Ју Несбе

Одлична збирка раскази наменети за сите оние што сакаат да читаат крими романи и трилери.

„Специјалист за љубомора“ е водечкиот расказ во оваа збирка, која раскажува за детективот кој е на трага да докаже дека осомничениот го убил својот близнак.

Љубителите на Несбе и во оваа книга ќе забележат дека тој се обидува да ги прикаже можните смртонсони последици на неискреноста, љубомората и неверството.

lejla-od-kolin-huver-i-ushte-2-odlichni-napnati-knigi-za-letnite-denovi-03_copy.jpg

„Рандеву“ – Луис Џенсен

Приказна за тоа како една ноќ може целосно да ви го промени животот. „Рандеву“ е психолошки трилер во кој протагонистка е Алисон Тејлор.

Набрзо по разделбата со сопругот, пријателите ја наговараат Алисон да излезе на состанок со друг маж во сабота вечер. Но, во недела наутро таа се буди и знае дека нешто не е во ред.

Таа е дома, сама, повредена и не се сеќава што ѝ се случило, а кога ќе погледне во огледалото воопшто не може да се препознае себеси...

lejla-od-kolin-huver-i-ushte-2-odlichni-napnati-knigi-za-letnite-denovi-02.jpg

„Лејла“ – Колин Хувер

Уште една приказна за тоа колку брзо може да ви се промени животот.

Кога Лидс ја запознал Лејла тој бил сигурен дека со неа ќе остари, но по една несреќа Лејла се бори за сопствениот живот.

Откако таа ќе помине неколку недели во болница и физички закрепнува, се враќа дома, но нападот врз неа оставил емотивни и ментални последици поради кои таа повеќе не е истата личност во која тој се вљубил.

Со цел да ѝ помогне да закрепне, Лидс ја носи Лејла во пансионот каде се запознале, но таму нивниот однос доживува чуден пресврт.

Таму, тој ќе ја запознае Вилоу, мистериозната жена која не се сеќава на сопственото минато и во која ќе се вљуби. На крај, тој треба да донесе одлука: дали да остане со Лејла или да се обиде да изгради иднина со Вилоу.

lejla-od-kolin-huver-i-ushte-2-odlichni-napnati-knigi-za-letnite-denovi-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg