Трилери со неизвесен крај: Три одлични книги за продолжениот викенд

Стар полициски случај кој се преплетува со сегашноста, жена почината пред 40 години која „се враќа од мртвите“, свирепо убиство пред очите на најблиските - трилери кои, едноставно, мора да ги прочитате.

trileri.jpg

За продолжениот викенд прочитајте некој од овие три трилери кои ќе ве држат во неизвесност од првата до последната страница - неверојатни приказни чиј крај не можете да го претпоставите.

„Црната книга“ – Ева Гарсија Саенц

Дел од трилогијата поврзани со ликот на инспекторот Унаи, „Црната книга“ ќе ве остави без здив.

Како може некој кој починал пред 40 години да е киднапиран?

И што ако мајката за која сте верувале дека е најдобрата мајка на светот, е всушност еден од најдобрите фалсификатори на сите времиња?

Поранешниот инспектор Унаи добива анонимен повик со кој се менува сето она што тој мисли дека го знае за своето семејство и за нивното минато.

Тој има само 7 дена да ја пронајде легендарната „Црна книга на часови“, вистинска библиофилска скапоценост. Во спротивно, мајка му, која е почината пред четири децении, ќе умре.

Иако не верува во тоа што го слуша, Унаи тргнува во трка со времето и почнува да го следи најважниот крими-профил во неговиот живот.

Што ако неговата мајка е најдобриот фалсификатор на антички книги во историјата?

trileri-so-neizvesen-kraj-tri-odlichni-knigi-za-prodolzheniot-vikend-04.jpg

„Јавувачот“ – Себастијан Фицек

Нов напнат роман од мајсторот на трилери, Себастијан Фицек...

Животот на Тања Кејтлин се менува кога по напорниот работен ден ѝ се јавува нејзината најдобра пријателка, Карен, преку видеоповик.

Тања ја гледа Карен врзана за столче во нејзината дневна соба, со затворена уста.

Ако Тања одговори точно на две прашања, нејзината пријателка ќе преживее, но ако ги згреши одговорите, тогаш ќе гледа како ја убиваат Карен.

За да биде уште полошо, гласот од другата страна на линијата ѝ се заканува дека таа ќе биде следната ако го прекине повикот или ако го сврти погледот настрана.

Што ќе направи Тања?

trileri-so-neizvesen-kraj-tri-odlichni-knigi-za-prodolzheniot-vikend-03.jpg

„Траги од минатото“ – Далибор Трајков

По книгата „Закопаната вистина“, Далибор Трајковски, писател кој по професија е инспектор, има нов трилер.

Полициски извештај за настан од 1994 година почнува да отплеткува стара мистерија.

Безживотното тело на полицаецот Зафир е пронајдено во раните утрински часови, а покрај него е револверот од кој е пукано, поради што е констатирано дека тој се самоубил.

Кога по 28 години во истиот град исчезнуваат две машки лица, кои извршиле семејно насилство врз нивните сопруги, кои ги пријавиле настаните во полициската станица, истрагата ја води инспектор, кој е син на починатиот полицаец Зафир.

Во потрагата по исчезнатите помага и нова млада инспекторка, чие доаѓање на работа во полициската станица во малиот град е сомнително.

trileri-so-neizvesen-kraj-tri-odlichni-knigi-za-prodolzheniot-vikend-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...

Најчитани неделава