3 книги наменети за читатели со префинет вкус

Дaли за вас книжевноста е „духовна храна“ или читате сѐ што ќе ви дојде во рака? Ако сте од првата група на читатели, кои имаат истенчен и префинет вкус кога станува збор за литературата, овие три наслови секако ќе ви бидат добредојдени.

3-knigi-nameneti-za-chitateli-so-prefinet-vkus-01.jpg

Запознајте ги длабоките книжевни размислувања на Ернесто Сабато, проследете ја трагичната приказна на семејството кое бега од земјата разорена од војна и, за крај, дајте си време да уживате во убавите фолклорни приказни кои со себе носат моќна порака.

Погледнете 3 наслови наменети за читатели со префинет вкус:

„Абадон, Уништувачот“ - Ернесто Сабато

Оваа книга ја завршува трилогијата на Сабато, која започнува со „Тунел“, а продолжува со „За хероите и гробовите“.

Маестрално четиво наменето за сите оние што литературата ја сметаат за „духовна храна“.

Може да се чита како своевидна студија за злото со изразено песимистички премиси.

Романот започнува со раскажувањето на главниот јунак, господинот Сабато, кој му се обраќа на читателот и му раскажува како се оддалечил од пишувањето фикција затоа што својот претходен роман допрел до едно забрането подрачје.

Станува збор за роман кој истовремено е и егзистенцијалистички и криминалистички и психолошки, а во 1976-та година во Париз бил награден како најдобра странска книга објавена во Франција, а се смета дека е еден од најексперименталните романи на Сабато.

3-knigi-nameneti-za-chitateli-so-prefinet-vkus-02_copy.jpg

„Пчеларот од Алепо“ - Кристи Лефтери

Приказна за потрагата, за бегството и за суровата реалност со која се соочувале Сиријците кои прогонети од војната во нивната земја тргнале да си ја најдат среќата во европските земји.

Нури е пчелар, а неговата жена Афра е уметник, но на нивниот мирен живот му доаѓа крај откако земјата ќе биде зафатена со војна.

Романот го следи нивното патување кон Велика Британија каде се соочуваат со голем број опасности и предизвици.

3-knigi-nameneti-za-chitateli-so-prefinet-vkus-04.jpg

„Италијански приказни“ – Итало Калвино

Станува збор за околу 200 фолклорни италијански приказни прераскажани со маестралното перо на Итало Калвино.

Наменета за читатели од сите возрасти, во неа можете да уживате во приказните за кралеви и слуги.

Ова не се само приказни во кои можеме да уживаме во приказните, туку и во моралните поуки што ги носат и нивните метафори кои нѐ учат како треба да се живее животот.

Станува збор за книга која се смета за вистинско литературно богатство.

3-knigi-nameneti-za-chitateli-so-prefinet-vkus-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите) Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
Амела Мемиш Апостоловска: „Аутизмот кај мојот син е инспирација за книгата 'Гласот на тишината'" На 06.11.2023 во Аросто кафе Скопје се одржа промоција на книга, промотор на кни...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg