Нина Ангеловска ја објавува својата прва книга „Ништо случајно"

Скопје, 18 мај 2026 - Нина Ангеловска Станков ја објавува својата прва книга „Ништо случајно" со поднаслов „кога подготвеноста ги среќава предизвиците", издадена од Издавачки центар ТРИ.

nina-angelovska-ja-objavuva-svojata-prva-kniga-nishto-sluchajno-01.jpg

Во книгата, Ангеловска за првпат отворено и лично пишува за патот зад јавната слика – од градењето бизнис од нула и развојот на македонската е-трговија, до предизвиците на лидерството и носењето одлуки на највисоко ниво во државата, до личните дилеми, мајчинството, пресвртите и животните лекции што ретко се гледаат однадвор.

„Никогаш не мислев дека ќе напишам книга. Исто како што никогаш не мислев дека ќе основам компанија, ќе станам министерка или дека ќе направам егзит. Но, ништо од тоа не беше по случајност. По многу години живеење во пребрзо темпо и постојана продуктивност, пишувањето на оваа книга беше моја дозвола да застанам, да се присеќавам и да раскажам.” - вели Ангеловска Станков

„Ништо случајно" е искрено и лично сведоштво за патот кој не бил однапред јасен — но не бил ни случаен. За изборите што не секогаш биле дел од планот, за прифаќањето предизвици и за подготвеноста да се каже „да“ кога животот ќе понуди нова можност.

Од денес книгата е достапна во претпродажба на kniga.mk. Читателите кои ќе ја нарачаат во период на претпродажба ќе ја добијат книгата пред официјалното пуштање во продажба, со посвета од авторката.

Книгата е наменета за широка публика – за претприемачи кои градат и се соочуваат со неизвесност, за лидери кои балансираат меѓу резултати и луѓе, за жени кои жонглираат со повеќе улоги истовремено, и за секој кој сака да прочита инспиративна лична приказна или кој некогаш се прашал дали патот кој го следи е вистинскиот.

Би можело да ве интересира:

Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Каролина - книга на англиски јазик, Лила - лесен роман: Што читаат познатите Македонци во лето 2025?... Што читаат Каролина Гочева или Ивона Јо ова лето? Погледнете кои книги ги сподел...
Теодора од Скопје: „Имам библиотека од 600 книги - Кои 5 ми се омилени?“ „Татко ми читаше стрипови, а мајка ми книги. Сѐ уште го памтам првиот пат кога в...
5 одлични дела без кои не треба да си заминете од Саемот на книга 2026 Кои книги вреди да си ги набавите од годинешниот Саем на книга? Иако изборот е о...
На 56 години, Мирјана Сионова од Охрид го стори тоа што многумина само сонуваат – ја издаде својата ... „’Европа нè чека нас‘ е повеќе од книга. Таа е потсетник дека никогаш не е доцна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg