„Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлекуваат двата клима уреди во златна боја, имаме 3 уметнички слики од Корубин, а омилен ни е балконот од 10 m2, опкружен со зеленило што е реткост во Скопје“ - Вероника Ефремова за CRNOBELO.com раскажува за уредувањето на новиот семеен дом.
Познато како „кафулето со розово Фиќо“, Клуб Зи во Вевчани и ова лето е вистински рај за посетителите.
„Омилен детаљ ми се фотографиите од Михаил Корубин кои со нивниот колорит даваат живост на дневната соба. Само што го направивме ѕидот, веднаш ги прикачивме - беа љубов на прв поглед и знаев дека одлично ќе се вклопат во ентериерот“, вели Ивана за својот нов дом во населбата Центар.
Кул локали за кафе со интересен ентериер, лаунџ барови со вкусни пијалаци и храна, ресторани покрај езеро со неодоливи специјалитети - кои локали во Охрид треба да ги посетите?
„Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите родители. Идејата за изградба на куќата е на татко ми, а уредувањето е направено по вкус на мајка ми. Нејзината замисла била куќата да биде удобна, пријатна и да плени со својата убавина“, вели Натали Папакоч за куќата во охридско Љубаништа.
Breadway Taste Gallery во центарот на Скопје, локал кој неколкупати во годината го менува својот изглед, овој пат е „обоен“ во жолто и го пренесува шмекот на Италија кај нас.
Базен од природен камен, летниковец, многу зеленило и цвеќиња... Ова дворче во скопско Чучер Сандево е вистински мелем за очи и рај за душата за време на летните горештини.
Имаат по неколку масички, со љубов уредени, а во нив опива мирис на квалитетно кафе и вкусни јадења - токму тоа ги прави посебни и со душа овие мали локали во Скопје.
„Припор ни се допаѓа затоа што сме блиску до град, а сепак далеку од бучава и опколени со природа, а куќата и дворот ги одржуваме сами со сопругот“ - раскажува Снежана за CRNOBELO.com, за домот во кој имаат и простор за рекреација со билијард, како и игротека за внуците.
На врвот на карпата во близина на плажа во Бали се наоѓа авион. И не, не е таков авион кој ќе ве однесе до следната дестинација, туку станува збор за луксузна вила.
„Идејата потекнува од нашите патувања по медитеранските земји, од чиј стил се преземени архитектурата, боите и уредувањето. Куќата е на четири нивоа, со 5 спални соби, 5 бањи, дневна, кујна, но и детска игротека во поткровјето. Има подрум, спа дел со сауна и турска бања, и дел за фитнес“, вели Оливер Димитровски за својот дом.
„Важно ни беше синот Лео (2) да има свое ќоше во секоја соба од домот. Се потрудивме да му го овозможиме тоа ставајќи му мали предмети на располагање кои се слични на нашите, како што се: мини wc, лавабо, мини масички, сушара за алишта, мали предмети во кујната и мала библиотека, а заради среденост имаме минимален број на предмети и декорации“ - раскажува Дијана од Тетово за CRNOBELO.com.
Дворчето на Драган Петковски во демирхисарското село Прибилци мами воздишки со својата убавина. Зеленило, камена патека, бунарче, летниковец, но и фонтана од камен... Се гледа дека сопственикот напорно работел за да го уреди овој простор.
„Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на станот, иако е помал од 50 m2. Но за да внесам „живот“ на функцијата на просторијата, избрав стил на внатрешно уредување кој основно ќе го дефинирам како скандинавски, со неутрални бои, во кој преовладува белата и пастелна минт боја“ - вели за CRNOBELO.com Катерина (35).
Со шарените тапети, уметничките дела и уникатните декорации, ресторанот Hyde Park во Белград потсетува на раскошна куќа од периодот на ренесансата.
Спална со кревет под ѕвездите, прво утринско кафе среде дивина, па дури и туширање во бања со бесконечен поглед кон езерото – на Козјак има неверојатно сместување во иглу, кое нуди неповторливо искуство за љубители на природата.
Со многу шарени цвеќиња, меѓу кои доминираат црвената и розовата боја и двор украсен со зајчиња и печурки, овој локал е претворен во вистинска велигденска бајка.
Погледнете како со малку креативност и многу цвеќиња може да се направи вистинска мала оаза и во урбаната џунгла во Скопје. Илија од беровско се пресели во Скопје, а со себе ги донесе растенијата од тамошната оаза.