„Живеам во Луксембург во близина на центарот на градот, па можам да кажам дека имам прекрасен поглед. Од станот се излегува во мало приватно дворче, кое има прекрасна позиција и гледа кон блиската шумичка “, споделува Катерина Кузмановска за CRNOBELO.com.
Пријатна атмосфера како да сте дома, топлина од секој агол, интересен избор на пијалаци и вкусна храна – „Смоквица“ во Белград од локал во центарот на градот се претвори во синџир локали кои се отворени низ целиот град и се меѓу омилените на белграѓани, но и на туристите.
„Главниот фокус во дневната соба е на масивната сива гарнитура од букле материјал, на која чувството е буквално како да лежиш на облачиња. Омилен дел од домот ни е кујната во темно сива боја, која ја надополнивме со црни апарати, магнетна чешма и остров, како и терасата со отворен поглед кон Скопска Црна Гора“, вели Симона (34) за уредувањето на нејзиниот стан во скопската населба Тафталиџе, каде живее со сопругот.
Ако сте за кафе муабет во локал со доза интимност и урбана нота, тогаш ова местенце во Скопје навистина ќе ви се допадне. Сте го посетиле ли досега?
Со графити со разни бои на балони и бабичка како истура срциња од кофа, шарени перничиња и уште пошарени коктели, овој локал во Старата скопска чаршија има посебна магија.
Во близина на шеталиштето покрај море, во срцето на Солун, се наоѓа необична пекарница во која се прават најубавите кроасани во градот...
„Тоа што ќе се слика во нашата работилница е однапред дефинирано и целиот потребен материјал за сликање го добивате од нас, почнувајќи од четки, бои, платно, штафелај и кецела. Дополнително имате неограничена консумација на вино“, откриваат за CRNOBELO.com Ивона и Филип, сопственици на еден нов и уникатен локал во Скопје.
Инспиративни простори, места за слободни активности, училници кои се игриви и колоритни, но и кои оставаат простор за развој на детската имагинација.
Ако сте вљубеник во природата и сакате бегство од пеколниот бетон на Скопје, тогаш овој локал на Водно ќе ви стане омилен. Комбе, сијалички, па дури и огинче за атмосфера во посвежите ноќи ќе ве дочека таму. Сте го посетиле ли?
„Омилени детали ми се автентичниот ретро аналоген аудио систем сместен на интересен начин во библиотеката и стаклениот бар со смарт лед светло, постојано надополнуван од некој вкусен пијалак“, вели за CRNOBELO.com Анастасија Точевска (29), по струка мрежен инженер за информатика.
Хотел Театар е магично место со прв интимен театар во Македонија, сместено во центарот на градот Битола. Автентичниот надворешен изглед на објектот којшто е во народен стил зборува за посебноста на овој локал.
„Купувањето свој прв дом и на 38 години е голем чекор. А јас отсекогаш мечтаев за дом кој ќе има дворче и ќе биде катче каде што ќе уживам по работниот ден“, вели Татијана Стаменковска за CRNOBELO.com.
„Тајната за убавиот двор е во неговото одржување и во тоа што секој ден одвојуваме по 3 часа дневно“ – откриваат за CRNOBELO.com Владо и Слаѓана од Кичево кои во својот двор успеале да создадат вистинска оаза со цвеќиња, летниковец, нишалка и клупи од пелети.
„Во ова минијатурно катче внимателно се подредени околу 500 различни убавици, а доминантни се кактусите“ – вели за CRNOBELO.com Илија Брндевски од беровско, кој сосема сам успеал да направи мала оаза со голем број природни растенија.
„Површината на дворот е 200m2, но сè уште е во фаза на уредување, само еден дел е среден. На целата површина во дворот имаме ситни каменчиња, обиколен е со дрвена кафеава ограда, а почнавме од нула со копање, рамнење на површината, средување обраснати делови...“, споделува модната дизајнерка Маја Кикириткова за CRNOBELO.com.
Од уметничкото кафуле Лувр, каде ќе се вљубите во делата на ѕидовите до минималистички, но уникатно уреденото кафуле Ли па, каде вистински ќе се релаксирате... Предлог локали во Скопје за сите кои сакаат интимна атмосфера.
„Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно со сопругот. Преовладуваат белата боја како и антрацит, со детали во топли тонови, како тиркизно и жолто. Најмногу уживаме во кафето на нашата тераса која има поглед кон природа. Имам и библиотека со повеќе од 150 книги“, раскажува Силвана Аврамовска Софронијоска (29) за CRNOBELO.com.
Овој ресторан со модерен амбиент им е омилен на инстаграмџиките. Од поглед кон море до совршена храна...