„Во овој стан живеам 18 години и досега сум го преуредила четирипати. Никогаш не ги заменувам старите работи со нови. На некои стари работи сум направила преправки, па сум ги претворила во нови, а на тоа сум додала нешто ново, но не сум ги фрлила...“, споделува за CRNOBELO.com Валентина Ѓорѓиоска (50), која живее во Прилеп во населбата „Димо Наредникот“.
„Скоро секоја сезона подготвувам по еден настан. Така оваа есен подготовките беа насочени кон Halloween. Омилено катче ми е аголот во дневниот простор со DIY каминот кој секоја сезона добива соодветна декорација. Балконот ми е исполнет со цвеќиња, кои за жал моето маче Симба обожава да ги грицка“, споделува Никола Блажевски (29) за својот стан од 60m2 во скопската населба Кисела Вода.
Многу пернички, тикви, фенерчиња, сијалички и вие со топол пијалак стуткани под ќебе – си ја замислувате ли вака есента?
„Идејата за уредувањето на домот беше фамилијарна, односно моја и на сопругата, а учество во уредувањето имаше и мајка ми. Сакавме да има аристократски шмек со дизајни како од минатото за да се чувствуваме убаво како на филм. Отсекогаш сум сакал да го направам тоа и еве конечно си го реализирав сонот“, вели Александар Јосифовски од Охрид, Македонецот кој се прослави во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Со електричен камин под телевизорот, винтиџ столчиња, плетени корпи и светли тонови, Ивана од Белград од својот дом направила вистинско прибежиште, топло и пријатно.
Атмосферата во овој локал во близина на Битола, во пазувите на планината Баба, ќе ви разбуди желба за греено винце со каранфилче и печена тиква.
„Како економист, немам големо познавање во областа на уредување ентериери, но едно знам - за создавање на топол и удобен дом не е потребно ‘школо’. Потребно е многу љубов, слога, почит и разбирање, а ние го имаме тоа“, вели за CRNOBELO.com Ивана, која веќе 5 месеци живее во САД со сопругот и синот.
„Кујната е со црни вградливи елементи, црн гранитен мијалник и скриен фрижидер. Дневниот простор е сончев преку целиот ден, а тоа е совршено за нашите растенија и неколку дрвја со маслинки, кои особено ги сакаме...“, открива Сандра Мрчковска Гавриловска од Скопје за нејзиниот дом во кој живее со сопругот.
„Домот ни е лоциран точно под Марковите Кули во Прилеп. Поткровјето го почнавме баш од почеток. Беше само изѕидано, без преградени соби и предизвикот беше навистина голем. Од старт единствено нешто што знаев и бев одлучна беа боите. За сè друго одлучувавме заедно со сопругот...“, вели Ивана (31) од Прилеп за CRNOBELO.com.
„Нашата приказна за изградба на заеднички дом започна пред неполна година. Со мојот сопруг имаме слични размислувања и вкусови, па не беше премногу тешко да се договориме што е она што ќе не направи среќни. Секако, во меѓувреме подготвувавме и свадба, така што активностите беа постојани, а нашите идеи за реализација бесконечни...“, раскажува Јована од Скопје за својот дом, каде што живее со сопругот Звонко, за CRNOBELO.com.
„За кратко време создавме наше сопствено катче, наречено дом. Во близина на центарот на градот, а сепак доволно оддалечено од градскиот метеж, во срцето на Скопје, населба Водно. Уредувањето ми претставуваше особено задоволство со оглед на тоа што по професија сум aрхитект, па така задачата да создадам свој сопствен стан беше огромен предизвик и посебна задача". - сподели за CRNOBELO.COM, Маријана Н. (од Скопје) за својот дом каде што живее со партнерот и нивното милениче.
Со надворешни ѕидови обраснати со бршлен и ентериер со магични детали кој ве враќа во едно минато време, оваа слаткарница во главниот град на Словенија мора да ја посетите...
Порција морски плодови со чаша студено бело вино во ваква атмосфера, звучи како одлична идеја, зарем не? Дали Хрватска ви е опција за одмор ова лето?
Наше, а светско! Локал во Велес со кожени кревети, ѕид од тули, впечатливи лустери и индустриски стил со префинети детали внатре, а зеленило и релаксирачка атмосфера надвор...
Ммм, мини заливче на Јадранското Море, мир, кристална вода, романтична атмосфера... Отпатувајте на миг во еден од најубавите хотели во Хрватска.
Во овој локал во Скопје покрај заситувањето на стомакот со здрав оброк, ќе си ги заситите и очите со визуелното доживување од одличниот начин на сервирање.
Целото кафуле изгледа како оптичка илузија и секое ќоше е како сцена од стрип...
При посетата на Белград, ако сакате да го почувствувате урбаниот дух на градот, треба да посетите некои кул, локали како што е кафулето „Ginger“...