„Со оглед на тоа што собата е на поткровје и има кос плафон ќе беше голема штета да не ја искористевме највисоката страна за нешто на две нивоа. Композицијата низок кревет и платформата за игра се фокусна точка и наш омилен дел во собата“, вели Ивана Лазаровска од Скопје за уредувањето на собата на нејзината ќеркичка.
„Нашиот дом го реновиравме и доградивме пред три години и поголемиот дел од куќата ги изработивме сами јас и сопругот, без голема помош од мајстори, на што сме особено горди. Подот на првиот кат е целосно со плочки, за кои сметаме дека се одлични бидејќи се лесни за одржување и благодарение на подното греење секогаш топли и погодни за деца“, вели Кристина Петковска (34) од Скопје.
„Ентериерот во ателјето е изведен од микро цемент. Ѕидот е имитација на мермер а подот и делот во сводовите и изведен од бетон. Спуштениот плафон со индустриски стил на светла се надоврзува на останатиот стил.“, вели дизајнерката Моника Коцарева Ергич за уредувањето на ателјето, кое зрачи со префинетост и елеганција.
„Отсекогаш знаев дека еден ден кога ќе имам сопствено живеалиште ќе сакам да доминираат ретро елементи. Имаме чајници од баба ми, витрина од дедо му на Ѓоко, како и две уникатни радија кои ги обожаваме и кои ни се подарок од дедо ми. Едното е од 53-та, а другото од 56-та година...“, раскажува Кристина од Скопје, доктор на Клиниката за неврологија, за станот во Скопје каде живее со сопругот Ѓоко.
Комбинацијата на бела боја и дрво е вистински погодок во топлиот стан на Емилија од Полска, зарем не?
Ресторан на тајна локација, во кој има само една скриена маса за да уживате во интимноста, а пред вас ќе има совршен поглед кон Венеција. Со кого би го посетиле ресторанот Ai Barbacani за да ја искусите убавината на градот?
„Во дневната соба ставив посебен акцент на висечката ТВ комода која дава свежина на сиво - црните елементи во просторијата, а од особена важност ми се постерите над софата кои ги менувам во зависност од годишното време и бојата која сакам да ја искористам како декор за да го освежам просторот“, вели Елена Илиевски (29) за CRNOBELO.com за уредувањето на нејзиниот стан во Германија.
„Јас не го преферирам модерното во уредувањето на домот, не сум модерна девојка, во мене тлее стара душа, ги ценам работите и луѓето според тоа колку душа носат во себе, па тоа се отсликува и во стилот на мојот дом“, вели Моника Каранфилоска за нејзиниот дом, за кој вели дека е во најубавата зграда во Капиштец.
Има толку многу станови и ентериери кои кружат по Инстаграм со хаштаг #aesthetic, но овој светол дом кој го впива секој зрак сонце е вистинската дефиниција за естетика, минимализам и удобно секојдневие...
„Сакав во поголемиот дел од собата да преовладуваат неутрални, светли бои и тонови, затоа што многу полесно претрпуваат промени. Дрвените елементи ми се омилените детали во собата на Калин“, раскажува Маја за CRNOBELO.com.
Замислете дека се капете во џакузи на тераса опколена со огромни дрвја... Изгледа како сцена од соништата, зарем не?
„Постоењето на сентиментална вредност во просторот за мене е предуслов за топол дом, и затоа сингерицата (стара машина за шиење) и кристалните вазни на баба ми имаат централно место“, раскажува Емилија Еггер (34), Доктор на науки и универзитетски професор.
„Од терасата имаме преубав поглед со зеленило и се надевам ќе уживаме уште долго во него, додека не ни изградат згради...“, раскажува Мимоза Мирчевска (37) за CRNOBELO.com за домот во кој живее со сопругот и двата сина.
„Празниците ми се омилени бидејќи ми будат убави спомени и ме навраќаат во детството. Елката, новогодишните украси и божиќните песни ми даваат чувство на топлина и буквално не ми се излегува од домот поради убавиот амбиент“, раскажува Катерина Павловска (31) за CRNOBELO.com.
„Станот е изработен со помош на архитект. Неговите визии заедно со моите ги склопивме во една многу интересна приказна. Секој детаљ зборува за минатото на Италија и сегашноста“, вели Агнеса Органџиева (38) за CRNOBELO.com.
Од стан со поглед на Ајфеловата кула во Париз до совршено новогодишна украсена семејна куќа во Дојран...
„Најубавиот период од целата година е токму овој. Со себе носи мирис на убави чувства, мисли, емоции. Нè навраќа на убавите детски спомени поминати во кругот на семејството …“, раскажува Драгана Ѓорѓиевска (31) од Гостивар. Се согласувате ли?
„Домот е уреден со многу љубов и не случајно преовладуваат повеќе светли и топли тонови. Она што мене ме исполнува и ми е инспирација за уредување на мојот дом е природата и светлината“, раскажува Виолета Ингилизова Миовска (27) од Скопје.