На гости во новото ателје на Моника Коцарева: „Ѕидовите се имитација на мермер, а највпечатливиот детаљ се сводовите“

„Ентериерот во ателјето е изведен од микро цемент. Ѕидот е имитација на мермер, а подот и делот во сводовите и изведен од бетон. Спуштениот плафон со индустриски стил на светла се надоврзува на останатиот стил“, вели дизајнерката Моника Коцарева Ергич за уредувањето на ателјето, кое зрачи со префинетост и елеганција.

na-gosti-vo-novoto-atelje-na-monika-kocareva-dzidovite-se-imitacija-na-mermer-a-najvpechatliviot-detalj-se-svodovite-01.jpg

Модната дизајнерка Моника Коцарева Ергич деновиве го отвори своето ново модно ателје во Скопје.

Позната по одличниот стил, таа и овојпат блесна со стајлингот, но уште повеќе воодушеви со модерното уредување на ентериерот на ателјето.

Највпечатлив дел се сводовите на ѕидот, кој е имитација на мермер. Просторот зрачи со доза на префинетост и елеганција.

За својот бренд, но и уредувањето на ентериерот на новото ателје, Моника Коцарева вели:

„Ателје Коцарева како бренд постои веќе 7 години. Во овој период со мојот тим многу еволуиравме. Секојдневно работиме како на модернизација и квалитет така и на проширување на брендот.

na-gosti-vo-novoto-atelje-na-monika-kocareva-dzidovite-se-imitacija-na-mermer-a-najvpechatliviot-detalj-se-svodovite-17.jpg

Нашето седиште и место на производство е во Охрид, а со цел уште од самиот почеток за проширување, решивме во Скопје да го отвориме нашето прво ателје во 2019 година. По 2 години успешно работење овој месец го отворивме ателјето во сопствен простор, кој се наоѓа веднаш до Католичка Црква, на улица Костурски Херои 66.

na-gosti-vo-novoto-atelje-na-monika-kocareva-dzidovite-se-imitacija-na-mermer-a-najvpechatliviot-detalj-se-svodovite-14.jpg

Ентериерот во ателјето е изведен од микро цемент. Ѕидот е имитација на мермер а подот и делот во сводовите и изведен од бетон.

na-gosti-vo-novoto-atelje-na-monika-kocareva-dzidovite-se-imitacija-na-mermer-a-najvpechatliviot-detalj-se-svodovite-15.jpg

Спуштениот плафон со индустриски стил на светла се надоврзува на останатиот стил.

na-gosti-vo-novoto-atelje-na-monika-kocareva-dzidovite-se-imitacija-na-mermer-a-najvpechatliviot-detalj-se-svodovite-08.jpg

На столбот веднаш до бирото се прикачени некои најдраги слики од списанија со наши креации.

na-gosti-vo-novoto-atelje-na-monika-kocareva-dzidovite-se-imitacija-na-mermer-a-najvpechatliviot-detalj-se-svodovite-12.jpg

Сталажите се комбинација на инокс и железо и се прикачени на таванот со цел полесно одржување на подот.

na-gosti-vo-novoto-atelje-na-monika-kocareva-dzidovite-se-imitacija-na-mermer-a-najvpechatliviot-detalj-se-svodovite-02.jpg

Вратата на кабината за пресоблекување е стаклена така што се отсликува осветлувањето и визуелно го продлабочува просторот.

na-gosti-vo-novoto-atelje-na-monika-kocareva-dzidovite-se-imitacija-na-mermer-a-najvpechatliviot-detalj-se-svodovite-07.jpg

Продолжува на следната страна....



Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...
На гости кај водителката Александра П. Илиевска: Стан во Скопје со принт од Михаил Корубин и фокус н... „Најпосакувано парче во нашиот дом дури и пред тој да постои беше принт од уметн...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
На гости во детската соба на Луциа (2): Македонци во Хановер направија совршено катче, со простор за... „За да го задржиме слободниот простор на средина, се одлучивме за системот TROFA...
На гости кај Латифа на баклава: Стан во скопски Сарај од 111m², со впечатливи бои и детали со тексту... „Празничната маса со мермерен принт и крем столици ја уредив со златни и жолти д...

Најчитани неделава