На битолската калдрма се наоѓа едно од најинтересните кафулиња во Македонија. Сакате ли локали со уредување кое прави да се чувствувате како да сте дома?
Ангелина Митаноски од Нов Дојран во својот дом го има гардероберот од соништата, но вели дека со сопругот најмногу уживаат кога го минуваат времето во дворот со пријателите гледајќи филмови на Нетфликс, додека факели и свеќи им го осветлуваат дворот.
„Го уредувавме станот за издавање на Airbnb, но се вљубивме во него и сега ни е дом. Најомилени ми се деталите коишто се изработени од мајка ми: плетен бохо тепих и подметачи од јута“, раскажува 29-годишната Магдалена Михајлоска.
Иако живееме во модерно општество, стереотипите за мажите и жените уште доминираат насекаде. Многу луѓе уште сметаат дека само жената е таа што го прави домот дом, а мажот не треба воопшто да се грижи...
„Архитектот за уредување на нашиот дом сум лично јас, за мебелот беше задолжен татко ми, за изведувањето на техничките работи и техники на ѕидови беа задолжени сопругот и татко му. Така што целиот дом има посебна емотивна вредност за нас како семејство, затоа што комплетно го уредивме ние самите“, раскажува 32-годишната Соња Тодорова од Скопје.
Glamping, кованица од glamorous camping (гламурозно, луксузно кампување) е тренд кој постои неколку години наназад, но особено внимание доби во периодот на пандемијата, кога престојувањето во хотелите...
„Првото утринско кафе го пијам во друштво со моите цвеќиња. Тие ѝ даваат нов лик, свежина и убавина на мојата тераса. Секое ќоше е надополнето со по некое цвеќе“, раскажува 30-годишната Драгана од Гостивар.
Елизабета Трајческа Нестороски (26) во уредувањето на домот си ја исполнила најголемата желба - огромен гардеробер, кој сама го нацртала, а омилен детаљ од домот ѝ е терасата од каде ужива во погледот на Охридското Езеро.
„Оваа пролет терасата е уредена во розово-бела боја, со многу перници од памучен лен кој дополнително даваат пријатен амбиент... Секако, тука се и плетените ќебињата за во раните утрински или доцните вечерни часови, кога е постудено“, раскажува 41-годишниот Боро од Скопје.
„Омилено катче ми е нашата тераса, која ја уредивме во медитерански стил, кој постојано нѐ навраќа на нашите прекрасни спомени од летните одмори“, раскажува 32-годишната Ивана од Битола.
Колку пати сте виделе убаво уреден простор на интернет и сте си помислиле дека сакате да имате токму таков ист во домот? За едно семејство во Неготино и нивната мала принцеза оваа желба стана реалност благодарение...
Ана и Џеф Батертон од Тексас имаат пет деца, две кучиња и една мачка, а сите заедно живеат во дом на тркала, што си го направиле од стар школски автобус.
Сега имаме уште еден доказ дека Дубаи е еден од водечките градови во светот кога станува збор за нова и извонредна архитектура. Најновата висококатница во најгусто населениот град во Обединетите Арапски Емирати, Address Beach Resort успеа да собори два Гинисови рекорди.
Голем број луѓе се пофалија со проектите што успеале да ги завршат за време на карантинот. Некои се тетовираа, некои направија обиди за разубавување, а овој човек направи огромна куќа на дрво...
„Во детската соба на мојот син преовладува нордискиот стил, сите елементи и ѕидовите се бели, а сета таа белина е разиграна со окер детали. Мора да признаам дека тоа ми е и омиленото катче на нашиот кат, кое го уредив со вистинско задоволство и уживање“, вели 31-годишната Грета.
„Од својата 18-та година се преселив во Холандија, па во Германија и на крај Франција, па при уредувањето на станот бев многу внимателна да вклучам мала симболика од сите тие места низ целиот простор“, вели 26-годишната Андреа.
„Бидејќи бев сигурна дека сакам сѐ во мојот дом да биде во црно-бела боја за да ја разбиеме монотонијата вклучивме жолта софа, која впрочем одлично се вклопи, а додадовме и други детали во силни бои“, вели 28-годишната Наташа.
Катерина Павловска (30) комплетно ја реновирала куќата во која израснала и сега таму живее со својот свршеник. Таа ни го прикажува процесот пред и потоа...