На гости кај Грета: Семејна куќа во Крива Паланка со две внимателно уредени детски соби (фото)

„Во детската соба на мојот син преовладува нордискиот стил, сите елементи и ѕидовите се бели, а сета таа белина е разиграна со окер детали. Мора да признаам дека тоа ми е и омиленото катче на нашиот кат, кое го уредив со вистинско задоволство и уживање“, вели 31-годишната Грета.

na-gosti-kaj-greta-semejna-kukja-vo-kriva-palanka-so-dve-vnimatelno-uredeni-detski-sobi-foto-01.jpg

Грета Величковски 31 година, по професија професор по англиски јазик, живее со својот сопруг и двете дечиња на кат од 160 м2 во семејна куќа во Крива Паланка.

Во уредувањето на нејзиниот дом преовладуваат земјените тонови, а фокусот е на уредувањето на двете детски соби, каде нејзините ќерка и син би имале свој мал совршен свет.

За уредувањето на нејзиниот дом таа открива за CRNOBELO.com:

„Со сопругот навистина уживавме во уредувањето на просторот и што е уште поважно многу се согласувавме со идеите и вкусовите.

na-gosti-kaj-greta-semejna-kukja-vo-kriva-palanka-so-dve-vnimatelno-uredeni-detski-sobi-foto-03.jpeg

na-gosti-kaj-greta-semejna-kukja-vo-kriva-palanka-so-dve-vnimatelno-uredeni-detski-sobi-foto-01.jpg

Уште веднаш се договоривме дека најголем акцент ќе дадеме на дневниот простор, бидејќи таму го поминуваме најголемиот дел од времето.

na-gosti-kaj-greta-semejna-kukja-vo-kriva-palanka-so-dve-vnimatelno-uredeni-detski-sobi-foto-02.jpeg

na-gosti-kaj-greta-semejna-kukja-vo-kriva-palanka-so-dve-vnimatelno-uredeni-detski-sobi-foto-21.jpeg

Затоа сакавме дневната соба да биде отворена, пространа и светла со топли бои и многу зеленило кое ќе го освежи сето тоа.

na-gosti-kaj-greta-semejna-kukja-vo-kriva-palanka-so-dve-vnimatelno-uredeni-detski-sobi-foto-16.jpeg

na-gosti-kaj-greta-semejna-kukja-vo-kriva-palanka-so-dve-vnimatelno-uredeni-detski-sobi-foto-06.jpeg

Нашиот избор беа светол мебел и светли елементи во контраст со темен даб. За секој наш избор пресудни беа удобноста и функционалноста пред сè.

na-gosti-kaj-greta-semejna-kukja-vo-kriva-palanka-so-dve-vnimatelno-uredeni-detski-sobi-foto-05.jpeg

Ако мора да истакнам некој детаљ од мојот дом, тоа се двете прекрасни тераси, каде постојано ги поминуваме летните денови, од утринско кафе, па сè до пријатна вечера. Во топлите денови тоа е незаменливиот дел од нашиот дом.

na-gosti-kaj-greta-semejna-kukja-vo-kriva-palanka-so-dve-vnimatelno-uredeni-detski-sobi-foto-10.jpeg

na-gosti-kaj-greta-semejna-kukja-vo-kriva-palanka-so-dve-vnimatelno-uredeni-detski-sobi-foto-11.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Љупка: Стан во Струмица од 140m2 со луксузни детали во сребрена боја (фото) „Од шивачките машини на баба ми направив трпезариска маса на која сум горда, а о...
На гости кај Јована: Стан во Скопје со бели кујнски апарати и впечатлива маса од масивно дрво (фото) „Кујната е изработена од бел мат медијапан по нарачка со бела вградена техника, ...
На гости кај Кристина и Ѓоко: Стан во Скопје со „хармоника“ врата и предмети наследени од баба и дед... „Отсекогаш знаев дека еден ден кога ќе имам сопствено живеалиште ќе сакам да дом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg