На гости кај Грета: Семејна куќа во Крива Паланка со две внимателно уредени детски соби (фото)

И нивното уредување е во склад со внатрешниот ентериер, комбинација на топли крем нијанси и дрво. И, секако, многу цвеќе и зеленило, за вистинско уживање.

na-gosti-kaj-greta-semejna-kukja-vo-kriva-palanka-so-dve-vnimatelno-uredeni-detski-sobi-foto-18.jpeg

Она што сè уште ни недостасува и е следно за реализирање е мини библиотека со некоја удобна фотелја, а исто така и еден мал вински дел во трпезаријата, бидејќи сме љубители на добро вино.

na-gosti-kaj-greta-semejna-kukja-vo-kriva-palanka-so-dve-vnimatelno-uredeni-detski-sobi-foto-04.jpeg

Кујната, како и останатите елементи, е бела во комбинација со темен даб. Најпрактичен дел ни е шанкот со двете барски столчиња, кои даваат еден прекрасен визуелен премин од кујната кон дневниот простор.

na-gosti-kaj-greta-semejna-kukja-vo-kriva-palanka-so-dve-vnimatelno-uredeni-detski-sobi-foto-15.jpeg

За бањата важно ни беше да има голема туш-кабина и имавме желба за комода со два мијалника, бидејќи се работеше за поголем простор. Тука најбитен ни беше изборот на плочките, кои имитираат кожен ефект и ѝ даваат на бањата многу интересен изглед.

na-gosti-kaj-greta-semejna-kukja-vo-kriva-palanka-so-dve-vnimatelno-uredeni-detski-sobi-foto-20.jpeg

Во спалната се одлучивме за малку поинаква игра на бои. Црно-белиот кожен кревет и останатите елементи ги освеживме со зелени тапети кои според Фенг Шуи се идеални за одмор и релаксација, и навистина е така. Даваат посебна свежина на црно-белата комбинација.

na-gosti-kaj-greta-semejna-kukja-vo-kriva-palanka-so-dve-vnimatelno-uredeni-detski-sobi-foto-07.jpeg

na-gosti-kaj-greta-semejna-kukja-vo-kriva-palanka-so-dve-vnimatelno-uredeni-detski-sobi-foto-17.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

На гости кај Ангела: Стан од 60m2 во Капиштец, со кујна во пастелно зелена боја и уникатни декорации... „Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на п...
На гости кај Валентина: Стан во Прилеп од 89m2 со многу огледала и семејни спомени (фото) „Во овој стан живеам 18 години и досега сум го преуредила че...
На гости кај Никола: Стан во Скопје со Halloween украси, „направи сам“ камин и многу цвеќиња (фото) „Скоро секоја сезона подготвувам по еден настан. Така оваа есен подготовките беа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg