Маж почнал да прави детска куќичка на дрво, завршил со цела куќа што ја издава на Airbnb (фото)

Голем број луѓе се пофалија со проектите што успеале да ги завршат за време на карантинот. Некои се тетовираа, некои направија обиди за разубавување, а овој човек направи огромна куќа на дрво.

Pocnal-da-pravi-kukjichka-na-drvo-za-decata-napravil-prekrasen-apartman-za-gosti-01.jpg

Нема дете што не би посакало да има своја куќичка на дрво, а овој татко иако прво сакал да им ја исполни желбата на своите деца, завршил нешто што подоцна го претворил во сопствен бизнис.

Куќата на дрво во Сук, на островот Ванкувер (Британска Колумбија) стана вистинска атракција на социјалните мрежи, а го привлече вниманието и на тамошните медиуми. Целта на Тајлер Бон, кој по професија е столар, првично била да направи куќичка на дрво за неговите деца.

kukja-drvo-7.jpg

„Кога ја завршивме излезе дека е премногу убава за децата“ - вели тој за CTV News.

Иако кога ќе се спомне куќичка на дрво, помислувате на мала градба што едвај се држи на гранките, оваа куќа воопшто не наликува на такво нешто. Како што вели Тајлер, тој истражувал на интернет и сѐ што му се допаднало се обидел да го вметне во изградбата.

Па, сега куќата има дневна соба, кујна, голема спална и бања. Исто така, во „куќичката“ има и струја, вода и гас. Откако проектот бил готов, наместо да биде игралиште за деца, Тајлер и неговиот партнер кој му помогнал во изградбата, Медисон Гронтер, одлучиле да го пренаменет во „апартман во воздух“ и да го издаваат на Airbnb.

kukja-drvo-5.jpg

Овој апартман беше отворен за гости на 1-ви април годинава и веднаш стана вистински хит. Сосема е јасно зошто е голем интересот за оваа „куќичка“ ако се погледнат фотографиите.

kukja-drvo-5.jpg

kukja-drvo-4.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...
Ресторан во близина на Крива Паланка, со езерце на 1km од него, е совршен за викенд бегство (фото)  Од вкусни пити до скара, таму ќе уживате во наши традиционални рецепти, ср...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
Марија-Магдалена од Битола, самохрана мајка, урна стара куќа на село и крена нова од темел: „Ми треб... „Има мајстори кои те потценуваат зашто си жена. Ти објаснуваат како „треба“...
На гости кај Лина: Пентхаус стан во Скопје со модерна технологија на гласовни команди и бавча на пок... „Мое омилено катче е покривот... Најголема радост ми е малата бавча која стана м...

Најчитани неделава