Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено“

„Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување, првпат со бебе. Некако уште повеќе се радував на сета оваа празнична еуфорија и ми почна многу побрзо, баш поради тоа“, вели модната инфлуенсерка, која ги отвори вратите на празничноукрасениот дом за CRNOBELO.com.

vo-praznichniot-dom-na-ksenija-despotoska-01.jpg

Модната инфлуенсерка Ксенија Деспотоска со многу љубов уште на крајот на ноември почна со празничното китење на домот - од украси во дневната соба, до елката во кафеава нијанса.

Во уредувањето имала и мала „помош“ од нејзината ќерка Надја, која веќе има девет месеци.

vo-praznichniot-dom-na-ksenija-despotoska-23_copy.jpg

Ксенија е среќна, што барем за сега, ќеркичката е многу внимателна кога лази и си игра околу елката и не ја турка или влече.

„Многу се плашев како ќе реагира и да не треба да ја собираме, ха, ха“, се шегува Ксенија.

vo-praznichniot-dom-na-ksenija-despotoska-07.jpg

За празничното уредување на нејзиниот дом, таа ни раскажа во разговорот за CRNOBELO.com:

„Оваа година ни е прва откако се средивме, така што ни е и прво украсување, првпат со бебе.

Некако уште повеќе се радував на сета оваа празнична еуфорија и многу побрзо ми почна, баш поради тоа.

Освен елката си имам накитено и некои детали низ дневната соба.

vo-praznichniot-dom-na-ksenija-despotoska-04.jpg

Малку на комодата, каде идејата ми беше да изгледа како шума со многу елки и да е зелено.

Па еден венец на големото огледало.

Малку топлина со ламбички си додадов во кујната и некои детали како чаши, машнички и слично.

vo-praznichniot-dom-na-ksenija-despotoska-03.jpg

Сè ми е купено оваа година.

Лани имавме елка од кутии со бела техника, ха, ха.

vo-praznichniot-dom-na-ksenija-despotoska-22.jpg

Боја која сакав да ми доминира и да ми биде главна е кафената, па гледав сè да е во таа боја, но искрено некако ми фали црвено, па за в година ќе додадеме и црвени детали сигурно, сега нека си стои вака.

vo-praznichniot-dom-na-ksenija-despotoska-19.jpg

Оваа година ја украсивме само дневната, мислам дека е доволно, а за следна година ќе се потрудам и за останатите делови.

Омилен украс немам, сè ми е целокупно омилено.

vo-praznichniot-dom-na-ksenija-despotoska-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
Во домот на Ивана и Миро Кацаров: Стан од 120m2 во Пржино, со камин и црвен фрижидер (фото) „Спалната е удобна и мирна, со мек кревет, нежно осветлување и едноставни детали...
На гости кај Ангела во Скопје: Стан од 67m2 во Тафталиџе со совршена детска соба и тераса како мала ... „Кога ја уредував кујната, целта ми беше да биде светла, функционална и лесна за...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
Во домот на модната дизајнерка Ива Спасовска: Винтиџ рај од 110m2, со 60 години старо огледало, насл... „Сè што се гледа во мојот дом е рачно изработено или јас го имам лично преработе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg