Кога имаш златни раце: Млад македонски уметник изработи бајковит мурал во детска соба (фото)

Колку пати сте виделе убаво уреден простор на интернет и сте си помислиле дека сакате да имате токму таков ист во домот?

Bajkovit-mural-vo-detska-soba-01.jpg

За едно семејство во Неготино и нивната мала принцеза оваа желба стана реалност благодарение на талентираниот македонски уметник, 31-годишниот Методија Јосифовски – Ромбо од истиот град.

Ова сестрано и талентирано момче потекнува од познато уметничко семејство кое е особено познато во Кавадарци. Неговите баба и дедо, татко, како и неговиот брат се сите етаблирани и познати во браншата.

Мето дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на студиската програма по вајарство, а завршил и Академија за графички дизајн. Несомнено, покрај вајарството и дизајнот, неговата силна страна е и сликарството, а бајковитиот мурал е само еден доказ за тоа.

За неговата изработка му биле потребни неколку денови, муралот се изработувал етапно, дел по дел, со помош на пастелни бои. Она што започнало сосема скромно, со „обичен“ цртеж со молив на ѕидот наскоро прераснало во живописна, шумска бајка.

Погледнете го процесот на изработка на бајковитиот мурал на Мето:

Bajkovit-mural-vo-detska-soba (5).jpg

Bajkovit-mural-vo-detska-soba (7).jpg

Bajkovit-mural-vo-detska-soba (3).jpg

Bajkovit-mural-vo-detska-soba (2).jpg

Bajkovit-mural-vo-detska-soba (1).jpg

Bajkovit-mural-vo-detska-soba (4).jpg

(О)Милена | Црнобело / Фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Кафуле во Белград е мини рај со зајчиња - можете да пиете кафе додека ги галите (фото) Ако сакате необично искуство и сте вљубеници во животните, ова кафуле e совршени...
На гости кај Данче: Семејна куќа во Струмица каде просторот „дише“, а се чисти со сода и оцет, како ... „Нашата куќа е од типот на куќи во низа и едната страна е на исток – дневниот пр...
Нема келнери, храната и пивото ви стигаат со вовче на шини - Локал во Прага е хит кај туристите, мор... Ако во скоро време одите на патување до Прага (имајќи предвид дека наскоро ќе им...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...
На гости кај Тоше во струшко Вишни: Реновирана викендичка од 1926-та со рајско дворче, во село со 20... „Куќата, каде што е роден татко ми, е изградена во 1926 година од каме...
На гости кај Лина: Пентхаус стан во Скопје со модерна технологија на гласовни команди и бавча на пок... „Мое омилено катче е покривот... Најголема радост ми е малата бавча која стана м...

Најчитани неделава