Кафуле во Белград е мини рај со зајчиња - можете да пиете кафе додека ги галите (фото)
- Детали
- сабота, 28 март 2026
Ако сакате необично искуство и сте вљубеници во животните, ова кафуле e совршениот избор за вас. Со ентериер обоен во розово и питоми зајчиња, испиеното кафе таму долго ќе го паметите.

Среде Белград постои вистински мал рај. Станува збор за кафулето „Bunny Cafe Belgrade“, каде имате можност да галите вистински зајчиња.

Ова е прво вакво „тематско“ кафуле во Белград со зајчиња, каде што можете да пиете кафе и да уживате во десерт, додека се дружите со преслатки зајчиња.

Влегувањето кај зајчињата е со правила, односно потребно е внимателно однесување кон нив и хигиена.

Дружењето е ограничено на околу 30-тина минути и можете да ги храните, но мора да бидете нежни, според информациите кои кружат на социјалните мрежи.
Исто така, забрането е сликање со блиц.

Многу луѓе велат дека местото е слатко и уникатно, а зајчињата се пријателски и питоми.
