Нема келнери, храната и пивото ви стигаат со вовче на шини - Локал во Прага е хит кај туристите, мора да го посетите
- Детали
- четврток, 25 септември 2025
Ако во скоро време одите на патување до Прага (имајќи предвид дека наскоро ќе има директна авионска линија од Скопје), ставете го ова интересно место на вашата листа.

Еден од најпопуларните локали во Прага веќе некое време е Výtopna, ресторан кој постои од 2009-та година, а во кој храната и пијалаците не ви ги носи келнер, туку ви стигнуваат по шини, со вовче.
Вие ќе направите нарачка, и кога ќе биде готова, вработените ќе ја стават на вовчето и ќе ја испратат до вашата маса.

Низ целиот ресторан има шини, па доставата на храната е многу лесна.
Самиот ентериер е направен во рустичен стил, со старински дрвени и кожени столчиња, дрвени маси, винтиџ лустери, старински плочки на некои од ѕидовите.

Интересно е што има концепт на отворена кујна, па се гледа и како се подготвува храната, но тука се и стаклените фрижидери, во кои се чува месото и останатите намирници кои се користат за готвење.
Овој концепт е толку популарен, што освен во Прага, е отворен ваков ресторан и во Виена.

Па ако во скоро време одите на патување до Прага (имајќи предвид дека наскоро ќе има директна авионска линија од Скопје), ставете го ова интересно место на вашата листа.
Кликнете и погледнете го видеото како се доставуваат храната и пијалаците:
Повеќе фотографии во продолжение:




А. Ј. | Црнобело