Локал покрај карпа на Тасос е совршен за гледање зајдисонце - има и ноќни журки со диџеи (фото)

Ако сакате да гледате совршено зајдисонце во модерна, но релаксирачка атмосфера, тогаш Karnagio Beach Bar во Лименас е совршен за вас.

lokal-pokraj-karpa-na-tasos-e-sovrshen-za-gledanje-zajdisonce-i-nokjna-zabava-foto-01.jpg

Karnagio Beach Bar е еден од најпознатите и најпосетувани барови на островот Тасос во Грција.

Сместен е во главниот град на островот – Лименас, на живописно заливче со карпи и ситен песок, совршено за релаксација и уживање.

Атмосферата е навистина романтична, особено на зајдисонце.

lokal-pokraj-karpa-na-tasos-e-sovrshen-za-gledanje-zajdisonce-i-nokjna-zabava-foto-02.jpg

Барот има модерен и елегантен дизајн и иако не е најсовршено место за плажа, поради карпите, а неретко и морските ежиња, совршен е за уживање во приквечерните и вечерните часови.

Ќе уживате со одлични коктели, но и забава со свирка или диџеи во вечерните часови.

Може да стигнете со кратко пешачење од центарот на Лименас или со автомобил, има и паркинг пред него.

Ако сакате комбинација од природна убавина и модерен амбиент, тогаш Karnagio Beach Bar е вистинскиот избор за вас ако одите на одмор на Тасос.

Прочитајте и „Бев на Тасос, стигнавме за околу 5 часа од Скопје, вљубувањето во островот ми започна со галебите на траектот“

Почувствувајте ја атмосферата:

Кликнете на видеото:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
Локал во близина на Скопје каде ќе гледате јавање коњи, додека пиете кафе и ручате Во село Волково во склоп на коњички клуб, се наоѓа локал кој ќе ви биде совршено...
„Култура“ е нов урбан локал во Скопје - со тепихот од баба, миље, плочи и кул написи на кирилица Локал со душа, винтиџ нота, но и чувство на едно поинакво Скопје. Културно Скопј...
На гости кај Ангела во Скопје: Стан од 67m2 во Тафталиџе со совршена детска соба и тераса како мала ... „Кога ја уредував кујната, целта ми беше да биде светла, функционална и лесна за...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
Етно ресторан во природа, на 20km од Скопје, со домашни пити е рај за сите сетила (фото) Зеленило, традиционални даски со домашно ајварче и козји кашкавал, тазе зеленчук...

Најчитани неделава