Локал во зеленило во село Брусник е совршено викенд бегство - рај за вљубениците во природа (фото)
- Детали
- четврток, 07 мај 2026
Aко сте од оние луѓе кои знаат да уживаат во песната на птиците, во пејзаж со недогледно зеленило и многу цвеќе, тогаш во подножјето на планината Баба ќе го најдете вашиот рај за викенд бегство. Плус, вкусна чорба и чашка студена ракија, звучи како добар пролетен план, зарем не?

Вљубеници сте во природа, пролет и сонце? Тогаш Винарија Чифлик е дестинацијата што треба да ја посетите.

Од патеки за мирни прошетки до песни на птици, раскошна природа и тераса со одличен поглед, каде уживањето е на максимум.

Се наоѓа во село Брусник, на неколку километри западно од Битола, во подножјето на планината Баба (Пелистер).

Од центарот на Битола е оддалечено околу 5–10 минути со автомобил и е на мирна локација над градот со убав поглед кон околината.

Инаку, селото Брусник има околу 200–250 жители.
Низ Македонија дефинитивно има низа прекрасни винарии, во чија природа и амбиент ќе уживаат дури и оние кои не се по виното, туку сакаат само вкусна закуска и релаксација.




