Висококатница во Дубаи руши рекорди: Како изгледа највисокиот базен во светот според Гинис, на 77-ми кат?


Висококатница во Дубаи руши рекорди: Како изгледа највисокиот базен во светот според Гинис, на 77-ми кат?

Сега имаме уште еден доказ дека Дубаи е еден од водечките градови во светот кога станува збор за нова и извонредна архитектура. Најновата висококатница во најгусто населениот град во Обединетите Арапски Емирати, Address Beach Resort, успеа да собори два Гинисови рекорди.

visokokatnica-vo-dubai-rushi-rekordi-kako-izgleda-najvisokiot-bazen-vo-svetot-spored-ginis-na-77-mi-kat001.jpg

На најновата висококатница во Дубаи има отворен базен кој е изграден на најголема височина во светот, од речиси 300 метри или, поточно, 293,9 метри. Базенот зафаќа површина од 560 метри квадратни, поради што наликува на масивно езеро во височините. Во најдлабокиот дел, овој базен има длабочина од 1,2 метри.

Но, базенот не е единствената карактеристика на градбата што се запиша во Гинисовата книга на рекорди. Висококатницата The Address Beach Resort е еден дел од две кули близначки со 77 ката, кои се сместени веднаш до Address Beach резиденциите.

Двете кули се споени во основата, односно од 1-иот до 13-тиот кат, а повторно се спојуваат на врвот со воздушен мост од 63-тиот до 77-иот кат. Токму со овој мост, висококатницата го сруши вториот рекорд на Гинис и сега претставува највисок населен воздушен мост што се наоѓа на височина од 294 метри.

Целиот проект има 217 хотелски соби и апартмани, 443 станови кои можат да се изнајмат на подолг период и 478 резиденцијални станови.

Покривот од висококатницата што се наоѓа на 77-иот кат нуди неверојатен панорамски поглед на најпознатите обележја на градот, како Bluewater’s Island, Palm Jumeirah, the World Islands, Dubai Marina Coastline, Burj Al Arab и, секако, крајбрежјето на Персискиот Залив.

Повеќе фотографии и видеа од базенот и висококатницата во продолжение:

Najnovata-visokokatnica-vo-Dubai-rushi-rekordi-Poglednete-go-najvisokiot-bazen-vo-svetot-spored-Ginis-02.jpg

Najnovata-visokokatnica-vo-Dubai-rushi-rekordi-Poglednete-go-najvisokiot-bazen-vo-svetot-spored-Ginis-03.jpg

Najnovata-visokokatnica-vo-Dubai-rushi-rekordi-Poglednete-go-najvisokiot-bazen-vo-svetot-spored-Ginis-04.jpg

najnovata-visokokatnica-vo-dubai-rushi-rekordi-poglednete-go-najvisokiot-bazen-vo-svetot-spored-ginis-06.jpg

najnovata-visokokatnica-vo-dubai-rushi-rekordi-poglednete-go-najvisokiot-bazen-vo-svetot-spored-ginis-07.jpg

najnovata-visokokatnica-vo-dubai-rushi-rekordi-poglednete-go-najvisokiot-bazen-vo-svetot-spored-ginis-09.jpg

najnovata-visokokatnica-vo-dubai-rushi-rekordi-poglednete-go-najvisokiot-bazen-vo-svetot-spored-ginis-10.jpg

najnovata-visokokatnica-vo-dubai-rushi-rekordi-poglednete-go-najvisokiot-bazen-vo-svetot-spored-ginis-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / Фото: Guinness world records/ Instagram

Би можело да ве интересира:

Џастин Бибер си ја огласи куќата на Инстаграм Ако некогаш сте посакале да го видите домот на Хајли и Џастин Бибер, сега имате ...
За млада и тренди дама: Фенси стан од 35 метри квадратни (фото) Добредојдовте во малото женско кралство, кадешто царуваат добриот вкус и стил, а...
Маж почнал да прави детска куќичка на дрво, завршил со цела куќа што ја издава на Airbnb (фото) Голем број луѓе се пофалија со проектите што успеале да ги завршат за време на к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg