„Стилот не е минималистички, ниту индустриски, ниту не знам што конкретно, намерно сакав да измешам со стилови за да ми се даде некоја нова енергија во домот или да почувствувам нови вибрации“, открива Миро Кацаров за CRNOBELO.com.
„Нашата визија да бидеме надвор од урбаната џунгла, се покажа како одличен избор... Нашиот двор стана моја цветна градина, а нејзиното одржување е едно убаво хоби, кое навистина ме прави среќна.“, раскажува новинарката Вики Чадиковска за својата семејна куќа во Скопје.
„Топлината којашто ја дава тулата е клучот за тоа како изгледа нашиот дом. Во него преовладуваат земјените бои, како и окерот и маслинесто зелената боја, бои кои според мене создаваат смирувачка и позитивна енергија во домот“, вели 30-годишната Билјана Белева од Скопје.
Џек Волтер смета дека ’90-тите се најдобрата деценија, па потрошил 6.000 евра за да го претвори неговиот дом во временска капсула од тој период, опремена со касетофон, мебел на старо од ИКЕА...
„Најголемо задоволство ми е да седам на терасата од нашата семејна куќа во Гари и да се релаксирам со звуците на бучната, планинска, дива Гарска река и да уживам во погледот на прекрасната природа, кој се протега сè до Лазарополе“, вели Марина Дојчиновски, која живее во Скопје, но Гари го носи во срцето.
Од розов рај до царство на играчките со дезен со точки, дел од највпечатливите детски соби од домовите низ Македонија на Инстаграм.
„Станот е 60м2 и се наоѓа во општина Центар. Почнавме да го реновираме во јануари и завршивме со реновирање во јули. Целиот процес беше доста напорен бидејќи се одлучивме на ваков чекор среде пандемија“, раскажува 27-годишната Софија Јанева.
„Јас просто ги обожавам утрата дома, особено сончевите, на мојата тераса со шолја кафе и преубавиот поглед кон Водно и Милениумскиот крст“, раскажува 26-годишната Елена Шалевска.
„Во уредувањето гледавме да доминираат земјените бои, камен, дрво, зеленило - од кои очите никогаш не можат да се уморат, кујната ја нацртав сама на лист хартија, а задното дворче од домот ни е DIY проект на мојот сопруг и неговите другари“, раскажува 31-годишната Јана.
Кога ги гледате фотографиите од „Pfunds Molkerei“, млекарницата од Дрезден што е прогласена за најубава млекарница во светот претпоставувате дека глеате фотографии од некој раскошен замок.
„Големо задоволство за мене и мојата фамилија претставува тоа што скоро сè имаме изработено сами. Од ништо направивме вистинско катче за релаксација со сијалички, лулашка, скара и базенче – тоа е нашето место за мир и релаксација“, раскажува 26-годишниот Христијан од Куманово.
Спектакуларен поглед на Охридското Езеро, базен, лулашки, перничиња и најубавото зајдисонце, зарем е потребно нешто повеќе? На гости во „малото парче рај“ на Маја Гугоска (37) од Охрид.
„Мојата ‘опсесија’ со кактусите започна пред 8-9 години кога за роденден на шега од другарите добив кактус, потоа сите саксии ми изгледаа здодевни, па одлучив сам да си ја направам „совршената“ саксија од бетон...“, раскажува 34-годишниот Павел Мише, кој потекнува од Охрид, а живее во Скопје.
Велат дека постојат милион причини да се посети Ровињ – најинтимниот пристаништен град на хрватската ривиера. Но, една од нив мора да биде Медитеранео, барот лоциран на најпрометното староградско шеталиште...
„Стилот во кујната јас си го нарекувам модерен винтиџ, во мат сива боја, со златни рачки коишто даваат луксузен шмек на истата. Може да се каже дека кујната ми прави најголем мерак во станот“, раскажува Сања Гацов (33) за домот во кој живее со сопругот и двата сина.
Нема интернет, нема врева од сообраќај, нема неподносливи соседи... Звучи совршено, зарем не? Би живееле ли на вакво место?
„Мора да признаам дека детската соба ми е и омиленото катче во нашиот дом, кое го уредив со вистинско задоволство, многу љубов и уживање“, вели Tеодора Ѓикова Ќосева (26), по професија UI/UX дизајнер.
„Интересно е што станот се наоѓа во централно градско подрачје поточно во Градски ѕид и на моја среќа се погоди да има заеднички простор помеѓу зградите, каде јас во корелација со соседите тој простор го претворив во една кровна градина, па така добив двор среде центар“, вели 34-годишниот скопјанец.