На гости кај Христијан: Дворче со летниковец, скара и базен во Куманово за совршени мигови (фото)

„Големо задоволство за мене и мојата фамилија претставува тоа што скоро сè имаме изработено сами. Од ништо направивме вистинско катче за релаксација со сијалички, лулашка, скара и базенче – тоа е нашето место за мир и релаксација“, раскажува 26-годишниот Христијан од Куманово.

na-gosti-kaj-hristijan-dvorche-so-letnikovec-skara-i-bazenche-vo-kumanovo-za-sovrsheni-migovi-foto-01.jpg

Христијан Маџовски (26) работи во банка, а во слободно време постојано смислува некои проекти за уредување на ентериерот во неговиот дом. Омилено му е да го уредува надворешниот простор.

Тој има совршено уредена тераса, а сега одлучи да си направи совршено катче и во дворот од неговата семејна куќа во Куманово.

Вели дека својот двор, зеленилото и летниковецот не би ги менувал за ништо на светот.

За уредувањето на омиленото катче од домот, тој споделува за CRNOBELO.com:

„Навистина сакам да уредувам катчиња за релаксација дома, па креативноста и ова лето не изостана. Заедно со родителите одличивме да го реновираме задниот двор од нашата семејна куќа во Куманово.

na-gosti-kaj-hristijan-dvorche-so-letnikovec-skara-i-bazenche-vo-kumanovo-za-sovrsheni-migovi-foto-22.jpg

На само  еден километар од центарот на Куманово, направивме вистинско место за прекрасни релаксирачки мигови и уживање. Можам да си дозволам да кажам дека си го нарекуваме нашиот мал рај.

na-gosti-kaj-hristijan-dvorche-so-letnikovec-skara-i-bazenche-vo-kumanovo-za-sovrsheni-migovi-foto-02.jpg

Комбинацијата од дрво, цигли и интересни детали, овој мал летниковец го прават место за целодневен престој, или место во кое сите што имаат дојдено се вљубиле на прв поглед.

na-gosti-kaj-hristijan-dvorche-so-letnikovec-skara-i-bazenche-vo-kumanovo-za-sovrsheni-migovi-foto-23.jpg

Фамилијарните ручеци, приготвени на скарата, се нешто што останува за цел живот во нашата меморија.

na-gosti-kaj-hristijan-dvorche-so-letnikovec-skara-i-bazenche-vo-kumanovo-za-sovrsheni-migovi-foto-08.jpg

na-gosti-kaj-hristijan-dvorche-so-letnikovec-skara-i-bazenche-vo-kumanovo-za-sovrsheni-migovi-foto-17.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Ивана: Совршено уредено поткровје од куќа во Прилеп, со непречен поглед кон градот (фот... „Домот ни е лоциран точно под Марковите Кули во Прилеп. Поткровјето го почн...
На гости кај Ариана: Девојка од Куманово живее во совршено уреден стан во Виена (фото) „Предметот ликовна уметност ми беше омилен во училиште и дури сега сфаќам дека ц...
На гости кај Ивана: Семејна куќа во Струмица со дела од македонски уметници и совршена спална соба (... „Јас бев архитектот задолжен за уредување на мојот семеен дом. Најмногу уживав в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg