Синот на Бјелогрлиќ ја остави девојката за Сара Јо, таа раскина откако зборуваше за свадба со бившиот - нови докази дека се пар
- Детали
- недела, 14 јуни 2026
По 5 години љубов и изјава дека сака Здравко Чолиќ да им пее на свадбата, Сара Јо го остави дечкото, а во исто време и синот на Драган Бјелогрлиќ ѝ раскина на манекенката со која се гледаше.

Сара Јо и Алексеј Бјелогрлиќ се најозборуваниот српски пар во моментов, иако ни актерот ни пејачката не потврдуваат дека се во врска.

Само неколку дена откако се дозна дека Сара Јо веќе не е во врска со словенечкиот танчар Жига Шотлар, беше снимена со синот на Драган Бјелогрлиќ во белградски ноќен клуб.

Само неколку дена потоа, овој пат двајцата, објавија слични Инстаграм Стори - Сара прво објави селфи во огледало, а потоа машки врат со фокус на стајлингот на мажот.

Истовремено Алексеј објави фотка од женски врат со фокус на накитот на девојката - истиот што Сара го носеше таа вечер.
