На гости кај водителот Миро Кацаров: Стан во Скопје со смела комбинација на стилови (фото)


На гости кај водителот Миро Кацаров: Стан во Скопје со смела комбинација на стилови (фото)

„Стилот не е минималистички, ниту индустриски, ниту не знам што конкретно, намерно сакав да измешам со стилови за да ми се даде некоја нова енергија во домот или да почувствувам нови вибрации“, открива Миро Кацаров за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-voditelot-miro-kacarov-stan-vo-skopje-so-smela-kombinacija-na-stilovi-foto-01.jpg

Водителот Миро Кацаров периодов е актуелен како еден од домаќините на емисијата „Голден Карпет“ на Канал 5 телевизија. Инаку е дипломиран политиколог и магистер по арт и дизајн.

Со јавна професија се занимава уште од 2008 година. Има освоено две Златни бубамари со Бекстејџ, две признанија за најдобро облечен водител итн. Вели дека има преку илјадници минути на ТВ досега, над стотици интервјуа со најголемите ѕвезди од Балканот, Европа и светот.

na-gosti-kaj-voditelot-miro-kacarov-stan-vo-skopje-so-smela-kombinacija-na-stilovi-foto-001.jpgфото: Инстаграм Миро Кацаров

Живее во стан во скопската населба Кисела Вода, со површина од 50 метри квадратни.

За уредувањето на станот тој открива за CRNOBELO.com:

„Идејата беше лично моја бидејќи го купив во 2012 година наместен, па време беше да сменам нешто во него бидејќи и модата од тогаш, па до денес е сменета.

na-gosti-kaj-voditelot-miro-kacarov-stan-vo-skopje-so-smela-kombinacija-na-stilovi-foto-02.jpg

Не размислував многу затоа што знаев што сакам да променам, а тоа беше гарнитурата, ѕидовите, сликите, лустерите, односно сакав да ми се отвори повеќе простор во станот.

na-gosti-kaj-voditelot-miro-kacarov-stan-vo-skopje-so-smela-kombinacija-na-stilovi-foto-05.jpg

Стилот не е минималистички, ниту индустриски, ниту не знам што конкретно, намерно сакав да измешам со стилови за да ми се даде некоја нова енергија во домот или да почувствувам нови вибрации.

na-gosti-kaj-voditelot-miro-kacarov-stan-vo-skopje-so-smela-kombinacija-na-stilovi-foto-04.jpg

Немам омилено катче, но честер гарнитурата ми е омилена кога ќе си дојдам од снимања и тренинг и ќе лежам на неа и ќе гледам фудбал.

na-gosti-kaj-voditelot-miro-kacarov-stan-vo-skopje-so-smela-kombinacija-na-stilovi-foto-06.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Ива од Битола: Розов дом во Барби стил (фото) Ива, која работи како судија – поротник при Апелационен суд Битола, смета дека д...
На гости кај Софија Јанева: Драстична трансформација на стан во центарот на Скопје (фото) „Станот е 60м2 и се наоѓа во општина Центар. Почнавме да го реновираме во јануар...
На гости кај Наташа: Семејна куќа во Битола со детали во силни бои (фото) „Бидејќи бев сигурна дека сакам сѐ во мојот дом да биде во црно-бела боја за да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg