На гости кај Павел Мише: Стан во Скопје во кој доминираат кактусите и сукулентите (фото)


На гости кај Павел Мише: Стан во Скопје во кој доминираат кактусите и сукулентите (фото)

„Мојата ‘опсесија’ со кактусите започна пред 8-9 години кога за роденден на шега од другарите добив кактус, потоа сите саксии ми изгледаа здодевни, па одлучив сам да си ја направам „совршената“ саксија од бетон...“, раскажува 34-годишниот Павел Мише, кој потекнува од Охрид, а живее во Скопје.

na-gosti-kaj-pavel-mishe-stan-vo-skopje-vo-koj-dominiraat-kaktusite-i-sukulentite-foto-01.jpg

На Инстаграм е познат како @cactusfather и има повеќе од 5.000 следбеници, а за себе вели: „Иако можеби многумина ме знаат како Cactus Father,  „надвор“ од социјалните мрежи сум Павел Мише, 34 годишен oхриѓанец, кој скоро половина од својот животен век го поминува во Скопје.

Павел по професија е аналитички биохемичар во лабораторија за безбедност на храна и работи како координатор и енергетски терапевт во центар личен развој.

Неговиот стан во Скопје е уникатно доживување поради огромниот број на кактуси и сукуленти.

За CRNOBELO.com тој открива од каде оваа негова љубов:

„Покрај работните обврски, моја пасија и хоби се кактусите и сукулентите. Мојата „опсесија“ со овие растенија од фамилијата Cactaceae започна пред 8-9 години кога за роденден на шега од другарите добив кактус, па читав како да го одржувам и ме привлече тоа што како растенија се многу самостојни и издржливи, а сепак и покрај нивната грубост во изгледот, знаат да родат, според мене најубави цветови.

na-gosti-kaj-pavel-mishe-stan-vo-skopje-vo-koj-dominiraat-kaktusite-i-sukulentite-foto-14.jpeg

Оттогаш па наваму, секојпат кога ќе погледнам кактус или сукулент кој е специфичен, знам дека местото му е меѓу останатите педесетина саксии кои ги имам дома. 

na-gosti-kaj-pavel-mishe-stan-vo-skopje-vo-koj-dominiraat-kaktusite-i-sukulentite-foto-03.jpeg

Како и за сè во животот за да вроди со плод, потребни се љубов и внимание, па така и за нив. Иако знам многу луѓе кои успеале да „убијат“ дури и кактус, (што од премногу грижа или, пак, премалку), сепак овие растенија, заедно со сукулентите, се одлични за да почне да се развива свесноста за одгледување растенија.

na-gosti-kaj-pavel-mishe-stan-vo-skopje-vo-koj-dominiraat-kaktusite-i-sukulentite-foto-04.jpeg

Тоа што не им треба вода на секои ден-два не значи дека не треба да им се посветите. Сите битија чувствуваат внимание и на енергетско ниво. 

na-gosti-kaj-pavel-mishe-stan-vo-skopje-vo-koj-dominiraat-kaktusite-i-sukulentite-foto-11.jpeg

Радувајте им се, погледнете ги еднаш во денот, испијте го утринското кафе со нив, па за момент и ќе помислите дека подобро знаат да ве „ислушаат“ од многу луѓе.

na-gosti-kaj-pavel-mishe-stan-vo-skopje-vo-koj-dominiraat-kaktusite-i-sukulentite-foto-10.JPG

Како надградба на моето хоби со кактусите и сукулентите, некако природно се провлече и идејата да изработувам саксии кои ќе бидат несекојдневни, надвор од тоа што може да се набави во локалните продавници и цвеќарници. 

na-gosti-kaj-pavel-mishe-stan-vo-skopje-vo-koj-dominiraat-kaktusite-i-sukulentite-foto-09.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Софија Јанева: Драстична трансформација на стан во центарот на Скопје (фото) „Станот е 60м2 и се наоѓа во општина Центар. Почнавме да го реновираме во јануар...
На гости кај Ива од Битола: Розов дом во Барби стил (фото) Ива, која работи како судија – поротник при Апелационен суд Битола, смета дека д...
На гости кај Моника: Стан во Скопје со нежни бои и „направи сам“ проекти (фото) „Нешто што знаев дека морам да го имам во мојот стан беше честерфилд софата во м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg