На гости кај Павел Мише: Стан во Скопје во кој доминираат кактусите и сукулентите (фото)
За мене лично, пластичните и керамичките саксии ми беа здодевни, металните не се соодветни за секоја намена или декор, цементните и гипсените саксии се многу порозни и често токсични за коренот на растенијата.
Така се роди и мојата идеја за да си ја направам „совршената“ саксија. Бетонот како материја дојде сам по себе - еколошки, траен и флексибилен да се приспособи во различни големини и форми.
Дополнително, неговата неутралност може да одговара во сечиј дом и со секоја палета на ентериер. Што се однесува до времето потребно за изработка на една саксија или нивна серија, тоа е исто. Целиот процес трае во идеални временски услови околу 7-10 дена.
Од правење на специјалниот матрикс на база на бетон, до сушење и вадење од калапите. Следува чекорот на брусење и поставување на водоотпорна изолација што е многу важно за заштита на самата саксија, но и на самото растение.
На крај остануваат дизајнот и боењето, кои се по желба на клиентот. Процесот е долготраен, но крајниот резултат секогаш е вреден за целото посветено време и внимание.
Како инспирација за дизајните понекогаш е доволно да видам некоја боја на обичен предмет. Понекогаш е некоја геометриска фигура или некоја текстура од природата. Тоа е нешто кое не можам да ви го опишам со зборови. Како некое внатрешно чувство, кое ме води. Омилени има многу, но тоа зависи од моето моментно расположение.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





