Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Архитект 06-10-2022


На гости кај Јана: Куќа во Тафталиџе од 400m2 со совршен надворешен простор (фото)

„Во уредувањето гледавме да доминираат земјените бои, камен, дрво, зеленило - од кои очите никогаш не можат да се уморат, кујната ја нацртав сама на лист хартија, а задното дворче од домот ни е DIY проект на мојот сопруг и неговите другари“, раскажува 31-годишната Јана.

na-gosti-kaj-jana-kukja-vo-taftalidje-od-400m2-so-sovrshen-nadvoreshen-prostor-foto-01.jpg

Јана (Себишки) Божиновска (31), магистер по економија, сликар, банкарски комерцијалист во НЛБ банка со сопругот, адвокат, живее во семејна куќа во населбата Тафталиџе, кај Млечен.

Куќата има вкупна површина од 400м2 и изградена е после земјотресот во Скопје, но е целосно реновирана.

За уредувањето на нејзиниот дом таа открива за CRNOBELO.com:

„Омилен дел ми е најпрво местоположбата на живеење.

na-gosti-kaj-jana-kukja-vo-taftalidje-od-400m2-so-sovrshen-nadvoreshen-prostor-foto-001.jpg

Куќата се наоѓа во мирен крај, иако се дели од центарот на градот со еден блок.

na-gosti-kaj-jana-kukja-vo-taftalidje-od-400m2-so-sovrshen-nadvoreshen-prostor-foto-07.jpg

na-gosti-kaj-jana-kukja-vo-taftalidje-od-400m2-so-sovrshen-nadvoreshen-prostor-foto-22.jpg

Желбата за сосем нов дом каде што можеше буквално да се рушат ѕидови и да се направи по наш вкус беше голема.

na-gosti-kaj-jana-kukja-vo-taftalidje-od-400m2-so-sovrshen-nadvoreshen-prostor-foto-05.jpg

За проектот ни помогна мојот татко кој по професија е архитект и ни даде многу корисни совети.

na-gosti-kaj-jana-kukja-vo-taftalidje-od-400m2-so-sovrshen-nadvoreshen-prostor-foto-02.jpg

Уште од самиот почеток знаевме дека сакаме модерен стил на уредување. Најчесто инспирација црпевме од урбаните места и хотели.

na-gosti-kaj-jana-kukja-vo-taftalidje-od-400m2-so-sovrshen-nadvoreshen-prostor-foto-14.jpg

Не можам да кажам дека имавме некој правец на уредување, затоа што јас сум по природа артист, а артистите не работат по правила. Гледавме само да се земјени бои, камен, дрво, зеленило, од кои очите никогаш не можат да се уморат.

na-gosti-kaj-jana-kukja-vo-taftalidje-od-400m2-so-sovrshen-nadvoreshen-prostor-foto-12.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Љупка: Стан во Струмица од 140m2 со луксузни детали во сребрена боја (фото) „Од шивачките машини на баба ми направив трпезариска маса на која сум горда, а о...
На гости кај Ивана: Совршено уредено поткровје од куќа во Прилеп, со непречен поглед кон градот (фот... „Домот ни е лоциран точно под Марковите Кули во Прилеп. Поткровјето го почн...
На гости кај Јована: Стан во Скопје со бели кујнски апарати и впечатлива маса од масивно дрво (фото) „Кујната е изработена од бел мат медијапан по нарачка со бела вградена техника, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg